Бизарно признание на Мила Кунис и Ештон Кучер: „Децата не ги бањаме додека не се извалкаат, а сапун ретко користиме“

Ги бањаат децата само кога се видно извалкани, а ниту тие самите не се големи обожаватели на туширање и користат сапун само под пазувите и за интимните делови - Мила Кунис и Ештон Кучер ја шокираа јавноста говорејќи за хигиенските навики во нивното семејство.

Mila-Kunis-i-Eshton-Kucher-decata-gi-banjame-samo-koga-se-valkani-a-sapun-ne-koristime-01.jpg

Ештон (43) и Мила (37) признаа дека ги бањаат ќерката Вајат (6) и синот Димитри (4) само кога изгледаат валкани, а не секој ден како што е пракса кај многу родители.

Причината е за да избегнат да користат сапун на телата на нивните деца. Па така, како што открија, дури и кога ќе одлучат да ги бањаат децата, речиси и да не користат сапун затоа што не сакаат да им се исуши кожата.

Познатата актерска двојка говореше за сопствените шокантни хигиенски навики во поткастот Armchair Expert на Дакс Шепард и Моника Падман.

Mila-Kunis-i-Eshton-Kucher-decata-gi-banjame-samo-koga-se-valkani-a-sapun-ne-koristime-02.jpg

Двојката отиде уште подалеку па откри дека дури и тие двајцата мошне ретко користат сапун освен под пазувите и на интимните делови од телото.

Мила појасни дека како дете многу ретко се бањала затоа што воопшто и немале вода во домот во Украина.

„Немавме топла вода додека растев, па затоа и не се туширав многу. Но, и кога децата ми беа мали не ги бањав секој ден. Не сум од оние родители што ги бањаат новороденчињата секој ден“ – рече таа.

Mila-Kunis-i-Eshton-Kucher-decata-gi-banjame-samo-koga-se-valkani-a-sapun-ne-koristime-03.jpg

Нејзиниот сопруг сакаше да ги појасни нивните хигиенски навики па рече:

„Значи едноставно е: Ако видите дека се валкани, измијте ги. Во спротивно, нема потреба“, а како што рече истиот принцип се однесува на сите други хигиенски навики.

Тој појасни дека по вежбањето има навика да го измие лицето со вода, за да ја измие потта, а Мила вели дека го мие лицето двапати дневно.

Mila-Kunis-i-Eshton-Kucher-decata-gi-banjame-samo-koga-se-valkani-a-sapun-ne-koristime-04.jpg

Инаку, Мила и Ештон стапија во брак во 2015-тата година. Во однос на воспитувањето на децата тие се сосема поразлични од другите холивудски двојки.

Тие ги учат децата дека се сиромашни и не ги разгалуваат со скапи подароци. Ги учат дека се сосема „обични деца“ и не ги носат да позираат на црвениот тепих.

Прочитајте и 12 причини зошто децата на Мила Кунис и Ештон Кучер нема да имаат пријатели во Холивуд

Погледнете уште неколку фотографии од Мила и Ештон со децата:

Mila-Kunis-i-Eshton-Kucher-decata-gi-banjame-samo-koga-se-valkani-a-sapun-ne-koristime-05.jpg

Mila-Kunis-i-Eshton-Kucher-decata-gi-banjame-samo-koga-se-valkani-a-sapun-ne-koristime-06.jpg

Mila-Kunis-i-Eshton-Kucher-decata-gi-banjame-samo-koga-se-valkani-a-sapun-ne-koristime-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што се случи со Ештон Кучер и Британи Марфи – неговата втора поранешна девојка која почина? Пред да ја почне врската со Британи Марфи, Ештон Кучер сведочеше на судење за уб...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Анџелина Џоли со нови детали за разводот со Бред Пит: „Му ги оставив домовите, не плаќаше алиментаци... „Настаните кои доведоа до мојата потреба да се разведам беа многу емоционално те...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Не фаќа кваки од врати и чека некој да ѝ отвори, јаде ист оброк 30 години – Чудните навики на Виктор... Од 1997-ма секој ден го јаде истиот оброк од што Дејвид е разочаран, се верува д...
Се прослави покрај Џорџ Клуни, ја остави глумата за да биде со децата - Како Ноа Вајл се врати на го... Беше еден од милениците на Холивуд во 1990-тите, кога глумеше во серијата E.R по...

Најчитани неделава