Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Не е опседната со изгледот, на прво место ѝ е сопругот – Мирка и Роџер Федерер на одмор во Хрватска (фото)

Мирка е една од ретките жени на спортисти која нема комплекси за изгледот и покажува како секој треба да си го сака своето тело – моментално со Роџер уживаат на одмор во Хрватска.

Soprugata-na-Federer-Mirka-se-grizzi-za-nego-dodeka-toj-zakrepnuva-na-odmor-vo-Hrvatska-01.jpg

По повредата на коленото, светски познатиот тенисер одмара на хрватскиот остров Лошињ, заедно со сопругата Мирка и двата пара близнаци Мајла и Шарлен (11) и Лео и Лени (7). Очигледно Роџер ќе го прослави својот 40-ти роденден во кругот на семејството.

Инаку, по најавата дека нема да оди на Олимпијадата во Токио, Роџер се обидува да ја сочува приватноста и иако тој и Мирка не објавуваат ништо, сепак на социјалните мрежи се појавија фотографии од нивниот одмор.

Сопругата Мирка, како и секогаш, прво е посветена на семејството и на сопругот и повторно не се обидува да ги скрие несовршеностите со монокини, туку напротив имаме можност да ја видиме во бикини и долго здолниште.

Прочитајте и Таа се откажа од кариерата за тој да успее – Како Федерер ја возвишува неговата сопруга Мирка, која е „оперирана“ од комплекси?

Таа е пример за жена која не паѓа на нереалните стандарди за убавина кои ги поставуваат голем број од жените на спортистите на светот и никогаш немала комплекси за својот природен изглед, а за тоа се доказ фотките од летните одмори низ годините:

ne-e-opsednata-so-izgledot-na-prvo-mesto-i-e-soprugot-mirka-i-rodzer-federer-na-odmor-vo-hrvatska-03.jpg

ne-e-opsednata-so-izgledot-na-prvo-mesto-i-e-soprugot-mirka-i-rodzer-federer-na-odmor-vo-hrvatska-02.jpg

ne-e-opsednata-so-izgledot-na-prvo-mesto-i-e-soprugot-mirka-i-rodzer-federer-na-odmor-vo-hrvatska-04.jpg

Претходно, во медиумите се појави видео снимка од тоа како славниот тенисер одигра партија тенис со неговата ќерка Мајла, но и со пријателот што го придружува на патувањето, Тиери Анри.

https://www.youtube.com/watch?v=U8RI_aknbqM&t=64s

Роџер Федерер на осми август ќе го прослави својот 40-ти роденден, а наместо со медал од Олимпијадата, овојпат ќе прослави со најблиските.

Погледнете неколку фотографии од островот Лошињ, каде семејството Федерер престојува моментално:

Погледнете и Најубавиот влез во море: Фотогеничните скалички поради кои се патува до Лошињ (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...
Кралица на модните промашувања: Бившата на Том Круз во сандали и црни чорапи низ Њујорк Кејти Холмс повторно покажа дека е „кралица на невкусот“, откако облече црни сан...
Кога сопругата ти е речиси 40 години помлада од тебе, но ти добро се држиш (фото) Тие стапија во брак во 2023-та година на интимна церемонија во нивната вила на о...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
„Болката е неподнослива“ – Бруклин Бекам ја теши сопругата на погребот на нејзиното куче „Ќе се заложам за ова повеќе никому да не му се случи, затоа што болката е непод...
Мет Дејмон се криел од фанови кога ја запознал сопругата: Славни парови чија љубов почнала како на ф... Мет Дејмон се криел од фанови зад барот каде што работела неговата сопруга. Таа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg