Со сопругата имаат отворен брак, израснал со насилен татко – Факти за Вил Смит

„Кога имав 9 години го гледав татко ми како ја удира мајка ми толку силно по глава, што таа се онесвести. Ја гледав како плука крв“ - актерот Вил Смит се отвори за трауматичното детство + уште неколку факти за неговиот живот кои не сте ги знаеле.

so-soprugata-imaat-otvoren-brak-izrasnal-so-nasilen-tatko-fakti-za-vil-smit-01.jpg

Актерот Вил Смит деновиве е актуелен откако во јавноста откри повеќе детали од неговиот интимен живот преку мемоарите насловени Will што ќе бидат објавени наскоро.

Вил Смит (53) израснал во семејството на Вилард Карол Смит Сениор и Каролин Брајт.

Тој е едно од 4-те деца во семејството - има една 4 години постара сестра од него Памела и близнаците Хари и Елен што се 3 години помлади.

Сепак, нивното детство воопшто не било безгрижно.

so-soprugata-imaat-otvoren-brak-izrasnal-so-nasilen-tatko-fakti-za-vil-smit-02.jpeg

Дел од светските медиуми објавуваат извадоци од неговите мемоари во коишто тој изнесе повеќе интересни детали за сопствениот живот.

Особено внимание кај јавноста привлече фактот дека тој имал мошне трауматични искуства во детството, што вели го следеле и во следниот период од животот.

„Татко ми беше насилен, но исто така беше присутен на секој училишен натпревар, драмска претстава или рецитал. Тој беше алкохоличар, но беше трезен на секоја премиера на сите мои филмови. Ги слушаше сите мои песни, го посетил секое студио каде снимав“ – вели тој.

so-soprugata-imaat-otvoren-brak-izrasnal-so-nasilen-tatko-fakti-za-vil-smit-03.jpg

Понатаму, појаснува дека во еден миг кога го видел татко му дека е насилен со неговата мајка му, го променил животот во целост.

„Кога имав 9 години го гледав татко ми како ја удира мајка ми толку силно по глава, што таа се онесвести. Ја гледав како плука крв. Тој миг го дефинираше тоа што ќе станам“ – вели Вил.

so-soprugata-imaat-otvoren-brak-izrasnal-so-nasilen-tatko-fakti-za-vil-smit-16.jpg

Актерот признава дека целиот живот чувствувал вина затоа што не успеал да ја заштити мајка си тој ден и не му се спротивставил на татко му.

„Како дете секогаш си велев дека еден ден ќе ја осветам мајка ми, дека кога ќе бидам доволно голем и силен, кога повеќе нема да бидам кукавица, ќе го убијам.

Една ноќ додека го носев со инвалидската количка до неговата спална соба во тоалетот, ми се стемни.

Помеѓу двете простории има скали.  Застанав на врвот на скалите. Можев да го турнам долу и лесно да се извлечам. Но, ја протресов главата и продолжив да го носам до тоалетот“ – пишува Вил.

so-soprugata-imaat-otvoren-brak-izrasnal-so-nasilen-tatko-fakti-za-vil-smit-21.jpg

Татко му почина во 2016-та година, а Вил открива дека нивниот турбулентен однос го научил што значи во целост да си исполнет.

„Ништо од материјалниот свет не може да ти донесе внатрешен мир и исполнетост“ – рече Вил.

so-soprugata-imaat-otvoren-brak-izrasnal-so-nasilen-tatko-fakti-za-vil-smit-20.jpg

На следната страна уште неколку интересни факти за актерот што можеби не сте ги знаеле...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава