Хејли Бибер за проблемите со зависност на Џастин: „Знаев да се справам, има многу зависници во моето семејство“

„Има голем број зависности во моето семејство и не само татко ми, туку и голем број други луѓе од моето семејство се борат со тоа“ – рече Хејли Бибер и призна дека тоа искуство ѝ помогнало да се справи со проблемите со кои се соочувал и нејзиниот сопруг на почетокот на нивната врска.

hejli-biber-za-problemite-so-zavisnost-na-djastin-znaev-da-se-spravam-ima-mnogu-zavisnici-vo-moeto-semejstvo-01.jpg

Кога Хејли Болдвин влезе во животот на Џастин Бибер тој донел одлука да се избори со зависностите, а таа била тука за да му даде поддршка. Но, не било лесно.

Хејли Бибер (24) се појави во поткастот Victoria’s Secret Voices и говореше за тоа како изгледало на почетокот да се справува со зависностите на нејзиниот сопруг Џастин Бибер со кого стапи во брак во септември во 2018-та година.

hejli-biber-za-problemite-so-zavisnost-na-djastin-znaev-da-se-spravam-ima-mnogu-zavisnici-vo-moeto-semejstvo-02.jpg

Таа вели дека благодарение на искуството со членовите во нејзиното семејство што се бореле со зависностите, таа успеала да му помогне и на нејзиниот сопруг да се избори со пороците. Џастин самиот призна дека бил зависен од дроги и алкохол.

„Има голем број зависности во моето семејство и не само татко ми (актерот Стивен Болдвин), туку и голем број други луѓе од таа страна на моето семејство се борат со голем број други зависности.

Татко ми секогаш бил отворен за неговите зависности и тоа го ценев. Јас бев мошне блиска со татко ми. Тој секогаш бил екстремно отворен за тоа зошто му е важно да биде трезен и како изгледа однесувањето на алкохоличарите и од каде доаѓа таквото однесување“ – вели таа.

hejli-biber-za-problemite-so-zavisnost-na-djastin-znaev-da-se-spravam-ima-mnogu-zavisnici-vo-moeto-semejstvo-10.jpg

Хејли во интервјуто откри дека татко ѝ Стивен бил зависник од кокаин. Исто така се знае дека и нејзините чичковци: Алек, Вилијам и Даниел исто така имале проблеми со дрогата. 

Прочитајте и Има опсесивно-компулсивно нарушување, првата жена го оставила заради алкохолизам - Факти за Алек Болдвин

Освен повозрасните членови во семејството, проблеми со дрогата имала и нејзината братучетка Ирланд Болдвин.

„Навраќањето на времето кога сум гледала како изгледа користењето дрога и навраќањето на минатите трауми беше мошне тешко. Јас никогаш не сум имала проблеми со опојни супстанци, но тоа е затоа што бев свесна за последиците поради татко ми.

Тој имаше навистина голем проблем со кокаинот и јас одлучив дека никогаш нема да пробам затоа што се плашев дела ако пробам еднаш тоа ќе ме доведе до нешто друго“ – вели Хејли.

hejli-biber-za-problemite-so-zavisnost-na-djastin-znaev-da-se-spravam-ima-mnogu-zavisnici-vo-moeto-semejstvo-06.jpg

Инаку, канадскиот пејач Џастин Бибер во минатото говореше отворено за сопствените проблеми со зависностите. Во неговиот документарен филм тој откри дека се одлучил да се откаже од зависностите затоа што чувствувал дека умира.

„Моето обезбедување и персоналот доаѓаа во собата навечер за да ми го проверат пулсот. Луѓето не знаат колку беше сериозно. Навистина беше страшно.

Се будев наутро и прво земав апчиња и пушев марихуана за да го почнам денот. Навистина беше страшно.

Си реков себеси: ’Боже, ако те има, помогни ми да поминам низ оваа фаза да престанам со таблетите и со другите работи, и ако ми помогнеш, јас ќе го завршам другото’“ – рече Бибер.

hejli-biber-za-problemite-so-zavisnost-na-djastin-znaev-da-se-spravam-ima-mnogu-zavisnici-vo-moeto-semejstvo-13.jpg

Инаку, Хејли минатата недела говореше и за проблемите со менталното здравје и за тоа колку било тешко на почетокот, па дури и призна дека мајка ѝ ја разубедила да не се разведе од Џастин.

Прочитајте и Хејли Бибер за кризите во бракот: „Плачев и сакав да се разведам од Џастин – мајка ми ме натера да издржам“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...

Најчитани неделава