Бредли Купер и Ирина Шајк повторно излезени како пар + детали за нападот со нож врз актерот во метро (фото)

Бредли Купер и Ирина Шајк уште еднаш се појавија заедно во јавност со нивната ќерка Леа, со тоа дополнително разгорувајќи ги гласините дека можеби се смириле. Во меѓувреме, познатиот актер откри дека пред две години во метрото во Њујорк маж му се заканувал со нож.

bredli-kuper-i-irina-shajk-povtorno-izlezeni-kako-par-akterot-bil-napadnat-so-nozh-vo-metro-vo-njujork-foto-01.jpg

Со широки насмевки и одличен стајлинг, 35-годишната Ирина и 46-годишниот Бредли повторно излегоа заедно со нивната ќерка Леа.

Наводно, среќното семејство прво отишло да ја гледа балетската претстава „Оревокршачка“, пред да се упати на вечера во ресторан. По балетот, на парот му се придружија Ен Хатавеј и нејзиниот сопруг.

Пред помалку од две недели, Ирина и Бредли првпат ги разгореа гласините дека повторно се заедно откако се појавија во Њујорк фатени за рака.

bredli-kuper-i-irina-shajk-povtorno-izlezeni-kako-par-akterot-bil-napadnat-so-nozh-vo-metro-vo-njujork-foto-05.jpg

Ирина носеше долга црна јакна, во комбинација со црни чизми и чанта, како и очила за сонце. Бредли беше со сив капут и фармерки, а и малата Леа изгледаше одлично со нејзината карирана јакна и виолетови чизмички.

Иако фановите веќе се убедени дека Бредли и Ирина се повторно заедно, извори блиски до парот тврдат дека тие се како семејство поради нивната ќерка, но помеѓу нив нема ништо романтично.

bredli-kuper-i-irina-shajk-povtorno-izlezeni-kako-par-akterot-bil-napadnat-so-nozh-vo-metro-vo-njujork-foto-04.jpg

Само неколку денови претходно, на поткастот Armchair Expert, Бредли Купер откри дека во 2019 година бил нападнат со нож во Њујорк додека одел да ја земе ќерка му Леа од училиште.

„Постојано шетав низ Њујорк со слушалки. Ова се случи пред пандемијата. Бев во метрото во 11:45 часот за да ја земам Леа од руско училиште и еден маж ми се закануваше со нож. Беше лудо. Тогаш сфатив дека сум премногу опуштен во градот. Воопшто не бев внимателен.

Почувствував како некој доаѓа кон мене. Си помислив дека можеби е фан што сака да се фотографираме. Како што се свртив, погледнав и видов дека држи нож“.

bredli-kuper-i-irina-shajk-povtorno-izlezeni-kako-par-akterot-bil-napadnat-so-nozh-vo-metro-vo-njujork-foto-06.jpg

Актерот вели дека ножот бил огромен, како и дека помислил дека напаѓачот го има искористено на некој друг.

„Слушалките постојано ми беа на ушите. Не слушав ништо. Само музика. Сега не се сеќавам што слушав.

Погледнав нагоре, ги погледнав очите на напаѓачот и бев во неверување кога сфатив колку младо изгледаат“.

bredli-kuper-i-irina-shajk-povtorno-izlezeni-kako-par-akterot-bil-napadnat-so-nozh-vo-metro-vo-njujork-foto-03.jpg

Штом сфатил дека е во опасност, актерот почнал да бега.

„Едноставно, почнав да бегам. Скокнав преку рампата, пробав да се скријам и го извадив телефонот. Напаѓачот ја прескокна рампата и почна да бега. Успеав да го фотографирам и потоа почнав да го бркам по скалите. Почна да трча по една авенија и направив уште две фотки од него.

Потоа истрчав до двајца полицајци и им ги покажав фотографиите, им кажав што се случи, а едниот од нив постојано ме прашуваше ’Дали си прободен?‘

Му кажав дека не сум, а тој ми рече сепак да проверам. Наводно, ако се прободени, луѓето се во шок, па го послушав и проверив. Потоа се вратив во метрото и ја зедов ќерка ми“.

bredli-kuper-i-irina-shajk-povtorno-izlezeni-kako-par-akterot-bil-napadnat-so-nozh-vo-metro-vo-njujork-foto-02.jpg

Бредли ја доби Леа со моделот Ирина во 2017 година, а ја почнаа врската во 2015-та. Се разделија две години по раѓањето на нивната ќерка, односно во 2019-та.

Оттогаш се во одлични односи и заедно се грижат за нивната ќерка, но не излегуваа заедно сè досега, поради што јавноста почна да шпекулира дека можеби ќе ѝ дадат нова шанса на врската.

Прочитајте повеќе: Ирина Шајк и Бредли Купер разгореа гласини – шетаат фатени под рака како во старите времиња (фото)

Бредли Купер и Ирина Шајк како среќен пар:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Само еднаш бил во брак, близок е со сите бивши: Докази дека Бредли Купер е „безнадежен романтичар“ Секоја врска на Бредли Купер била сериозна, а актерот останал во добри односи со...

Најчитани неделава