Џејмс Франко откако плати милиони за злоупотребување, призна: „Спиев со студентки, но бев зависен од секс“

„Знаев дека не е во ред што спијам со моите студентки, но сметав дека ако тие се согласни, тогаш нема да имам проблеми“ – Холивудскиот актер Џејмс Франко отворено проговори за обвиненијата за сексуално малтретирање.

djejms-franko-otkako-plati-milioni-za-zloupotrebuvanje-spiev-so-studentki-no-bev-zavisen-od-seks-01.jpg

Во 2018-тата година холивудскиот актер Џејмс Франко (43) беше обвинет од страна на пет жени за сексуално злоупотребување.

djejms-franko-otkako-plati-milioni-za-zloupotrebuvanje-spiev-so-studentki-no-bev-zavisen-od-seks-02.jpg

Според изјавите, стануваше збор за негови студентки што зеле часови во неговата филмска школа. Четири од жените тврделе дека биле негови студентки, а една тврдеше дека тој бил нејзин ментор.

djejms-franko-otkako-plati-milioni-za-zloupotrebuvanje-spiev-so-studentki-no-bev-zavisen-od-seks-03.jpg

Две од студентките, Сара Титер Каплан и Тони Гал поднесоа тужба до судот во 2019-тата година и тврдеа дека Франко и другите инструктори вршеле притисок врз жените да се соблекуваат за време на аудиција, а лажно им ветувале можности за улоги во филмови, што никогаш не се случиле.

djejms-franko-otkako-plati-milioni-za-zloupotrebuvanje-spiev-so-studentki-no-bev-zavisen-od-seks-04.jpg

Судскиот спор беше решен со спогодба „тешка“ 2 милиони и 235 илјади долари во јуни годинава, а сега Џејмс Франко отворено проговори за тоа што се случувало.

Франко, чија блескава холивудска кариера тргна по надолна линија по скандалот, даде интервју за Џес Кејгл од SiriusXM, при што нагласи дека сметал дека тоа што имал согласност од студентките била доволно добра причина за да има секс со нив.

„Признавам дека имав секс со студентките. Немав секс со никого на мојот час за секс-сцени, но за време на моите предавања имав секс со студентки и тоа не беше во ред.

Но, како што реков, сексот со студентки не беше причината поради која ја отворив школата и јас не бев тој што ги избираше луѓето што доаѓаа на моите часови.

Така што, немаше никакви планови од моја страна. Но, да, имаше случаи, каде бев во сексуални односи со студентка што се согласила да спие со мене, а не требаше да го правам тоа“ – вели тој.

djejms-franko-otkako-plati-milioni-za-zloupotrebuvanje-spiev-so-studentki-no-bev-zavisen-od-seks-08.jpg

„Во тоа време сметав дека ако имам согласност од студентката, тогаш е во ред. Секако, знаев дека тоа не е во ред. Во тој период не размислував најдобро“ – вели тој.

Целото интервју на Франко траеше околу 4 часа, а во него тој говореше за сопствените зависности од алкохолот, но потоа и од зависноста од успех, па од секс.

djejms-franko-otkako-plati-milioni-za-zloupotrebuvanje-spiev-so-studentki-no-bev-zavisen-od-seks-07.jpg

Тој појаснува дека неговиот спонзор што му помагал да се справи со зависностите од алкохол му препорачал некој период да остане сингл и да се држи само до забавите за една ноќ, што тој го искористил како совет да има секс со секоја девојка со којашто ќе му се укаже прилика.

djejms-franko-otkako-plati-milioni-za-zloupotrebuvanje-spiev-so-studentki-no-bev-zavisen-od-seks-05.jpg

Џејмс кој си призна дека бил зависник од алкохол на возраст од 17 години, сфатил дека постојано имал проблем со зависностите.

Па така, кога се ослободил од алкохолот, станал зависен од успехот и потребата за внимание, па и вниманието од жените.

Тој си признава дека нештата во голема мера се промениле откако ја запознал неговата сегашна девојка Изабел Пакзад.

„Ги изневерував сите пред Изабел“ – тврди тој.

djejms-franko-otkako-plati-milioni-za-zloupotrebuvanje-spiev-so-studentki-no-bev-zavisen-od-seks-06.jpg

Погледнете го видеото од гостувањето на Франко:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Крадел леб и спиел на под пред да стане љубов на Саманта во „Сексот и градот“ – Како изгледа денес С... „Одреден период гладував, крадев багет и сенф од маси, немав пари за друго“ - ак...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...

Најчитани неделава