Биле дрогирани и манипулирани, не смееле да излегуваат надвор – „зајачиците“ со шокантни откритија за животот во Плејбој вилата

Отсекогаш имало шпекулации за она што се случувало зад вратите на Плејбој вилата, а според сведоштвата на неколку поранешни плејбој зајачици, реалноста е многу полоша – девојките биле дрогирани и третирани како предмети, не смееле да излезат од куќата, а некои од нив до денес имаат проблеми со психичкото здравје поради траумата.

bile-drogirani-i-manipulirani-ne-smeele-da-izleguvaat-nadvor-zajachicite-so-shokantni-otkritija-za-zhivotot-vo-plejboj-vilata-01.jpg

На 24-ти јануари ќе се емитува документарец кој наводно ја прикажува мрачната страна на животот во Плејбој вилата на Хју Хефнер.

Во документарецот што го сочинуваат 10 епизоди ќе ги слушнеме сведоштвата на неколку жени кои живееле во вилата, вклучувајќи ја и поранешната девојка на Хефнер – Холи Медисон.

Досега се објавени неколку инсерти од документарецот, а дефинитивно ќе се згрозите од она што го зборуваат девојките кои велат дека до денес имаат трауми од она што го претрпеле во вилата.

bile-drogirani-i-manipulirani-ne-smeele-da-izleguvaat-nadvor-zajachicite-so-shokantni-otkritija-za-zhivotot-vo-plejboj-vilata-07.jpg

Холи Медисон, која беше во врска со Хефнер од 2001 до 2008 година, ја споредува вилата со култ.

„Причината што ја гледам вилата како култ е тоа што имаше многу манипулација и сите очекуваа да го гледаме Хеф како навистина добар човек. На почетокот навистина си мислевме ’Па тој не е како што го опишуваат во медиумите, тој е добар човек'“, вели Холи.

bile-drogirani-i-manipulirani-ne-smeele-da-izleguvaat-nadvor-zajachicite-so-shokantni-otkritija-za-zhivotot-vo-plejboj-vilata-05.jpg

Истовремено, таа тврди дека Хефнер не им дозволувал на девојките да излегуваат од куќата – уште една причина зошто ја гледа вилата како култ.

„Беше навистина лесно да нè изолираат од надворешниот свет додека бевме таму. Имавме полициски час од 9 навечер. Не смеевме да викаме пријатели на гости. Всушност, не смеевме да ја напуштиме куќата освен ако не стануваше збор за празник што го славиме со семејството“.

53026217-10400345-image-a-71_1642436086734.jpg

Кога Холи се вселила во куќата, работела како келнерка, но Хефнер ја присилил да даде отказ од работното место.

„Ми рече дека го правело љубоморен и дека би сакал да си дадам отказ. Па, неделно почна да ми дава по 1.000 долари како џепарлак“.

Холи, но и уште една поранешна девојка на Хефнер – Бриџит – откриваат дека Хефнер ги контролирал до тој степен, што не смееле да направат никакви промени во изгледот.

„Еднаш многу си ја скртив косата, и ми се развика. Додека ми викаше, ми рече дека со таа фризура сум изгледала старо и евтино“, вели Холи.

bile-drogirani-i-manipulirani-ne-smeele-da-izleguvaat-nadvor-zajachicite-so-shokantni-otkritija-za-zhivotot-vo-plejboj-vilata-06.jpg

„Хеф беше ужасен кон Холи. Еднаш таа дојде со црвен кармин и тој се изнервира и почна да ѝ вика дека мразел црвен кармин на девојки и дека треба веднаш да го избрише. Тоа што други девојки носеа црвен кармин изгледа не му пречеше“, вели Бриџит.

Наводно, Хефнер постојано ги споредувал девојките едни со други и ги терал да се натпреваруваат за нивниот изглед, па пластичните операции станале норма помеѓу нив.

bile-drogirani-i-manipulirani-ne-smeele-da-izleguvaat-nadvor-zajachicite-so-shokantni-otkritija-za-zhivotot-vo-plejboj-vilata-04.jpg

Но, ова не се најстрашните нешта што се случувале зад затворените врати на вилата.

Според уште една поранешна девојка на Хефнер, Сондра Теодор, тој ги третирал девојките како „парче месо“ и ги терал да учествуваат во оргии неколкупати неделно. Сондра вели дека ова ја „скршило психички“.

bile-drogirani-i-manipulirani-ne-smeele-da-izleguvaat-nadvor-zajachicite-so-shokantni-otkritija-za-zhivotot-vo-plejboj-vilata-03.jpg

ВИП членовите на „култот“ на Хефнер имале неограничена слобода и можеле да прават што и да сакаат со плејбој зајачиците.

Еден ваков член дури и затворил две девојки во една од собите, ги држел како заложници и ја силувал едната. И, никогаш не одговарал за ова злодело бидејќи бил заштитен од Хефнер.

Според друга девојка која живеела во вилата, Хефнер навистина ги гледал жените само како објекти и бил убеден дека ги поседува зајачиците.

„Навистина беше како култ. Ги тераше жените да веруваат дека се дел од некакво семејство. А, тој навистина веруваше дека ги поседува. Имаше девојки кои се предозираа, па дури и девојки кои извршија самоубиство.

Беше ужасно. Гледав како се појавуваа нови девојки, свежи и прекрасни, а потоа нивната убавина почнуваше да избледува. Ние не бевме ништо за него. Беше како вампир. Со децении го цицаше животот од овие девојки“.

bile-drogirani-i-manipulirani-ne-smeele-da-izleguvaat-nadvor-zajachicite-so-shokantni-otkritija-za-zhivotot-vo-plejboj-vilata-08.jpg

Поранешните зајачици откриваат и дека користењето дрога било норма во вилата. Покрај кокаинот, Хефнер имал и посебни апчиња кои на шега ги нарекувал „раширувачи на нозе“ и им ги давал на девојките.

Наводно, под нивното дејство, девојките биле подложни на секаква манипулација, па Хефнер и мажите можеле да прават што сакаат.

Нам ни изгледа чудно зошто некоја девојка своеволно би отишла да живее на такво место, но Холи Медисон многу добро објаснува како биле мамени девојките.

Таа вели дека на почетокот Хефнер ја опсипувал со љубов и внимание и се однесувал прекрасно со неа. Но, со текот на времето ѝ „го испрал мозокот“, а потоа ѝ било и страв да си замине.

„Ми беше страв да си заминам. Размислував да избегам уште на самиот почеток. Но, ако си заминев знаев дека Хефнер има многу порнографски материјал од мене со којшто може да ме уценува. Тој постојано правеше експлицитни фотографии од нас девојките. Се опивав секоја вечер за да се справам со целата ситуација“.

bile-drogirani-i-manipulirani-ne-smeele-da-izleguvaat-nadvor-zajachicite-so-shokantni-otkritija-za-zhivotot-vo-plejboj-vilata-02.jpg

Хефнер имал и одличен начин како да ги поткупи медиумите. Имено, тој ги канел познатите машки новинари во вилата, им дозволувал да прават што сакаат, а притоа ги фотографирал.

На овој начин, имал со што да ги уценува ако некој од нив напише што било лошо за него или Плејбој вилата.

Бидејќи документарецот се прослави уште пред премиерата, од Плејбој дале изјава за Е! News во која велат дека им веруваат на девојките, но и дека повеќе немаат никаква врска со семејството Хефнер.

„Им веруваме на приказните на овие жени и целосно ги поддржуваме лицата кои истапија за да ги споделат нивните искуства во овој документарец. Како бренд во чие јадро се наоѓа прифаќањето на сексуалноста, веруваме дека безбедноста и одговорноста се најважни.

По 70 години во бизнисот, има многу елементи од долгата историја на Плејбој за кои не сме воопшто горди и елементи кои не се во согласност со нашите принципи.

Денес се обидуваме да се фокусираме на позитивните аспекти од нашето наследство и горди сме на она што го постигнавме изминативе неколку години во врска со еднаквоста и слободата.

Семејството Хефнер повеќе не е поврзано со Плејбој“.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му беше девојка на Дражен Петровиќ, го одведе во смрт пред 30 години – Која е Клара Саланци, жената ... На денот на страшната несреќа пред 30 години, Клара Саланци го зела Дражен Петро...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Морале да имаат групен секс со него, не смееле да носат црвен кармин: Бизарните правила што ги следе... Девојките на Хју Хефнер кои живееле во Плејбој вилата не смееле да излегуваат по...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg