Беше алкохоличар, си ја уништи кариерата и се разведе – Како Бен Афлек си го среди животот пред да се смири со Џеј Ло?
Во 2020-та година Бен имаше интервју во кое тврдеше дека најмногу жали за разводот со Џенифер Гарнер. Тој рече дека се срами и дека чувствува дека направил работи за кои жали, но „дека научил како да се подигне, да научи од минатото и да оди напред“.

По излегувањето од рехабилитација Бен сериозно се посвети на обновување на филмската кариера и на поправање на сопствениот имиџ. Во 2019-та година, излезе трејлерот за неговиот прв филм по рехабилитацијата Tripple Frontier.
Тој отворено говореше за борбата со зависностите, па во една прилика јавно кажа дека не сака неговите деца да се плашат од него затоа што има проблеми со алкохолизмот. По последната рехабилитација, Бен редовно е фотографиран како се шета со децата.

Откако целосно го промени животот, во април 2021-ва година веќе почнаа да кружат првите гласини дека 17 години откако раскинаа Џенифер Лопез и Бен Афлек се повторно заедно.

По ова следеше шокантна изјава од актерот кој рече дека ако останел во брак со својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер дека најверојатно ќе продолжел да консумира алкохол. Оваа изјава брзо беше осудена од голем број корисници на социјалните мрежи.

Сега Бен и Џеј Ло се вљубени еден во друг и се максимална поддршка еден за друг. Освен што постојано се на мета на папарците кои ги фотографираат додека се на улица, Бен и Џеј Ло често објавуваат фотографии еден од друг.

Прочитајте и Бен Афлек со искрена исповед за алкохолизмот: „Се срамам од минатото“
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о...
Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Џенифер Гарнер го прокоментира разводот од Бен Афлек, среде гласините дека ќе си дадат уште една шан...
Џенифер Гарнер и Бен Афлек минуваат сè повеќе време заедно и веќе извесен период...
Џони Деп за детството со сурoва мајка: „Ме маваше со чевли, со стапови, но пострашна беше психолошка...
„Ме удираше со стап, со чевли, со пепелник, со телефон. Што и да е. Но, ѝ се заб...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li...
Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Парис Хилтон во штикли на плажа - пропаѓа во песокот додека сопругот вторпат ја запросува
„Пет години подоцна, поради него срцето сè уште ми потскокнува. На Денот на...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов?
„Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...