Беше алкохоличар, си ја уништи кариерата и се разведе – Како Бен Афлек си го среди животот пред да се смири со Џеј Ло?
Во 2020-та година Бен имаше интервју во кое тврдеше дека најмногу жали за разводот со Џенифер Гарнер. Тој рече дека се срами и дека чувствува дека направил работи за кои жали, но „дека научил како да се подигне, да научи од минатото и да оди напред“.
По излегувањето од рехабилитација Бен сериозно се посвети на обновување на филмската кариера и на поправање на сопствениот имиџ. Во 2019-та година, излезе трејлерот за неговиот прв филм по рехабилитацијата Tripple Frontier.
Тој отворено говореше за борбата со зависностите, па во една прилика јавно кажа дека не сака неговите деца да се плашат од него затоа што има проблеми со алкохолизмот. По последната рехабилитација, Бен редовно е фотографиран како се шета со децата.
Откако целосно го промени животот, во април 2021-ва година веќе почнаа да кружат првите гласини дека 17 години откако раскинаа Џенифер Лопез и Бен Афлек се повторно заедно.
По ова следеше шокантна изјава од актерот кој рече дека ако останел во брак со својата поранешна сопруга Џенифер Гарнер дека најверојатно ќе продолжел да консумира алкохол. Оваа изјава брзо беше осудена од голем број корисници на социјалните мрежи.
Сега Бен и Џеј Ло се вљубени еден во друг и се максимална поддршка еден за друг. Освен што постојано се на мета на папарците кои ги фотографираат додека се на улица, Бен и Џеј Ло често објавуваат фотографии еден од друг.
Прочитајте и Бен Афлек со искрена исповед за алкохолизмот: „Се срамам од минатото“
Б. С. Б. | Црнобело
-->
-->
-->
Би можело да ве интересира:

Зошто Бен Афлек ја жалел Бритни Спирс?
„Знам дека луѓето (папараци и фанови) што постојано те вознемируваат, ти викаат,...

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с...
Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...

Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“
Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...

Повторно страсни на јахта: Џорџина во танга бикини, Роналдо не може да ги тргне рацете од неа
Искрата во бракот на Роналдо и Џорџина дефинитивно гори, а доказ за тоа се новит...

Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави
Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...

Почина Вал Килмер (65), ѕвездата од Top Gun и Batman, кој го изгуби гласот поради рак на грлото
Актерот Вал Килмер го победи ракот на грлото, но поради третманите го изгуби гла...
-->