Ја навреди Тејлор Свифт, со Џеј Зи се скара заради Бијонсе - Сите конфликти на Канје Вест

Ја навреди Тејлор Свифт, деновиве редовно упатува закани кон новото момче на неговата поранешна сопруга Ким, а списокот на колеги и луѓе со кои Канје Вест е скаран е премногу долг. Погледнете дел од неговите најпознати конфликти.

ja-navredi-tejlor-svift-so-djej-zi-se-skara-zaradi-bijonse-site-konflikti-na-kanje-vest-01.jpg

Поранешниот сопруг на Ким Кардашијан, Канје Вест важи за една од најтешките личности за соработка.

Тој во повеќе наврати досега јавно го искажува сопственото мислење за другите колеги, а во повеќе наврати влегол и во отворен конфликт со повеќе од нив.

Канје Вест (44) во последниот период е во фокусот на јавноста заради разводот со Ким Кардашијан (41), но и заради јавните навреди што ги упатува кон нејзиното ново момче Пит Дејвидсон (28).

drejk-djej-zi-praseto-pepa-kanje-vest-ima-dolga-lista-na-konflikti-02.jpg

Во текот на изминатата недела, на раперот кој легално го промени своето име во „Је“, Инстаграм му забрани 24 часа да објавува содржини на неговиот профил поради тоа што ја прекршил политиката за вознемирување на социјалната мрежа.

drejk-djej-zi-praseto-pepa-kanje-vest-ima-dolga-lista-na-konflikti-10.jpg

Сепак, ова не е првпат Канје да биде во центарот на вниманието заради конфликтите и отворените расправии со колегите, но и со бившите момчиња на неговите партнерки.

Во продолжение да проследиме некои од најголемите кавги на раперот:

Канје VS Тејлор Свифт

Канје во 2009-та година се качи на сцената на MTV Music Video Awards и го прекина говорот на Тејлор Свифт која таа година ја доби наградата за најдобро видео од женски изведувач и јавно порача дека наградата ѝ е незаслужена, бидејќи Бијонсе требало да победи.

drejk-djej-zi-praseto-pepa-kanje-vest-ima-dolga-lista-na-konflikti-03.jpg

Иако се чинеше дека нивните односи делумно се подобрија, во 2016-та година Канје ја објави песната Famous во која упати коментар кон пејачката и рече дека „тој ја направил славна“.

Канје VS Џастин Тимберлејк

Во 2015-та година меѓу големиот број колеги кои се најдоа на удар на поранешниот сопруг на Ким Кардашијан беше и Џастин Тимберлејк.

Канје рече дека во 2006-та година на доделувањето на Grammy наградите го видел познатиот пејач како плаче затоа што не добил награда:

„Џастин, не сакам да те ставам на мета, но те видов како плачеш и навистина сметам дека требаше да ја добиеш наградата за Албум на годината“.

Сепак, Џастин одлучи да не одговори на навредата како што Канје очекувал, па објави твит во кој напиша:

„Канје е срце, луѓе“.

drejk-djej-zi-praseto-pepa-kanje-vest-ima-dolga-lista-na-konflikti-07.jpg

Канје VS Џеј Зи

Канје и Џеј Зи беа добри пријатели, дури во 2011-та година заедно го објавија албумот Watch The Throne.

Но, Џеј Зи не се појави на свадбата со Ким Кардашијан во 2014-та година.

Подоцна, очигледно беше дека тие се смириле затоа што Канје се појави на роденденската забава на ќерката на Џеј Зи и Бијонсе, Блу Ајви во 2017-та година, но нештата повторно се влошија откако Канје го раскина договорот со продуцентската куќа на Џеј Зи, Tidal.

drejk-djej-zi-praseto-pepa-kanje-vest-ima-dolga-lista-na-konflikti-11.jpg

Џеј Зи во една прилика рече дека Канје му бил како помал брат, но не може да му прости за навредите што ги упатил кон неговата сопруга и децата.

Сепак, минатата година раперите изгледа решија да ги смират односите, затоа што Џеј Зи се појавува во песната на Канје, Guess Who’s Going To Jail Tonight.

За конфликтот на Канје со уште неколку ѕвезди, како и со Прасето Пепа, прочитајте на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...

Најчитани неделава