Ја навреди Тејлор Свифт, со Џеј Зи се скара заради Бијонсе - Сите конфликти на Канје Вест

Канје VS Дрејк

Во минатото Канје и Дрејк беа добри пријатели, но откако поранешниот сопруг на Ким Кардашијан ја објави песната Infrared во мај 2018-та година, нивните односи во целост се влошија.

Во споменатата песна Канје упати повеќе навреди кон својот добар пријател, а сосема очекувано Дрејк го возврати ударот така што на Инстаграм објави фотографија од сметка од 100.000 долари за „помош за промоција и заживување на кариерата“ што му ја подари на Канје.

По ова работите само дополнително се влошија.

drejk-djej-zi-praseto-pepa-kanje-vest-ima-dolga-lista-na-konflikti-06.jpg

Канје VS Прасето Пепа

Во 2021-ва година омилениот британски цртан карактер Прасето Пепа го објави својот нов албум насловен Peppa’s Adventures и доби оцена 6,5 на Pitcfork, додека албумот на Канје, Donda, доби оцена 6.

Според Канје, Пепа ја почнала кавгата, затоа што објавила твит со напис:

„Пепа не мораше да организира забави на стадионот на Mercedes-Benz за добие половина бод повеќе“.

drejk-djej-zi-praseto-pepa-kanje-vest-ima-dolga-lista-na-konflikti-09.jpg

Канје VS Били Ајлиш

По смртоносното стампедо што се случи на концертот на Тревис Скот на фестивалот Astroworld во 2021-ва, Канје се нафрли на Били Ајлиш.

На еден од нејзините концерти Били Ајлиш му помогна на еден обожавател кој имаше напад на астма за време на концертот, така што му даде пумпица за инхалација.

Според Канје, пејачката ова го направила за да му се потсмева на Тревис Скот.

Канје јавно побара од Били да му се извини на Тревис Скот и на семејствата што ги загубија своите деца за време на концертот Астроворлд, па дури и се закани дека нема да настапува на фестивалот Коачела доколку таа не ги исполни неговите барања.

drejk-djej-zi-praseto-pepa-kanje-vest-ima-dolga-lista-na-konflikti-05.jpg

Канје VS Пит Дејвидсон

Последен на мета е новиот дечко на Ким Кардашијан, Пит Дејвидсон. Иако Канје редовно се појавува со нови девојки откако најавија дека се разведуваат, сепак раперот не ги прифати добро вестите дека неговата поранешна сопруга е во врска со 13 години помладиот комичар.

Канје деновиве редовно упатува закани и навреди кон младиот комичар, а во неговиот последен видео спот дури и го закопа жив.

drejk-djej-zi-praseto-pepa-kanje-vest-ima-dolga-lista-na-konflikti-13.jpg

Прочитајте и Нови испади на Канје Вест: Се заканува дека ќе го истепа Пит Дејвидсон, удрил фан со бокс, вели дека Ким ги крие децата до него

 



Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Објави фотки како го дои новороденото синче и се молзи – Што прави денес бунтовната „Токио“ од „La C... Бунтовничката позната како Токио од La Casa de Papel, неодамна го роди првиот си...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...

Најчитани неделава