Како Меган Маркл ја одбележа годишнината од првото јавно појавување со Хари + Љубезен гест кон мајка на новороденче (фото+видео)

Меган Маркл го привлече вниманието со еден љубезен гест кон мајката на новороденче, а нејзиниот аутфит за време на игрите Invictus беше надополнет со накитот и чевлите што ги носеше на свадбата во 2018-та година.

kako-megan-markl-ja-odbelezha-godishninata-od-prvoto-javno-pojavuvanje-so-hari-ljubezen-gest-kon-majka-na-novorodenche-foto-video-povekje-01.jpg

Игрите Invictus имаат особено значење за Меган Маркл и Принцот Хари. Тоа е настанот каде тие за првпат се појавија заедно во јавноста во 2017-та година, а Меган со посебен избор во аутфитот одлучи годинава да го одбележи настанот.

kako-megan-markl-ja-odbelezha-godishninata-od-prvoto-javno-pojavuvanje-so-hari-ljubezen-gest-kon-majka-na-novorodenche-foto-video-03.jpgМеган и Хари на Invictus игрите во 2017-та година

Меган Маркл и Принцот Хари вчера (16.04) се појавија во Хаг на игрите Invictus. Во првото појавување Меган привлече особено внимание со белиот аутфит, но и со еден љубезен гест кон мајката на новороденче.

kako-megan-markl-ja-odbelezha-godishninata-od-prvoto-javno-pojavuvanje-so-hari-ljubezen-gest-kon-majka-na-novorodenche-foto-video-12.jpgМеган и Хари на Invictus игрите во 2017-та година

Таа носеше костим од Valentino кој чини околу 3.800 евра, а изгледот го дополни со истите чевли што ги носеше на свадбата со принцот. Дополнително, за настанот таа избра да ги носи и истите обетки што ги носеше на свадбата со принцот.

kako-megan-markl-ja-odbelezha-godishninata-od-prvoto-javno-pojavuvanje-so-hari-ljubezen-gest-kon-majka-na-novorodenche-foto-video-02.jpg

За време на церемонијата за прием на гостите температурите во Холандија нагло опаднаа, па Меган одлучи своето долго палто да ѝ го даде на мајката на едно новороденче за да го стопли.

kako-megan-markl-ja-odbelezha-godishninata-od-prvoto-javno-pojavuvanje-so-hari-ljubezen-gest-kon-majka-na-novorodenche-foto-video-04.jpg

Погледнете го видеото од мајката со новороденчето:

Војвотката од Сасекс трипати во денот го промени изгледот, па така во еден миг се појави и во фармерки и хит-сако од твид со златни додатоци, а за време на церемонијата носеше бело боди и црни пантолони.

kako-megan-markl-ja-odbelezha-godishninata-od-prvoto-javno-pojavuvanje-so-hari-ljubezen-gest-kon-majka-na-novorodenche-foto-video-22.jpg

На сцената, во рамки на отворањето на игрите Меган ја имаше честа да го најави говорот на нејзиниот сопруг, а непосредно пред говорот на Принцот Хари, двајцата сопружници разменија бакнеж.

kako-megan-markl-ja-odbelezha-godishninata-od-prvoto-javno-pojavuvanje-so-hari-ljubezen-gest-kon-majka-na-novorodenche-foto-video-09.jpg

Меган не ја криеше љубовта за нејзиниот сопруг, па пред присутните ветерани рече:

„Не би можела повеќе да го сакам и да го почитувам и знам дека многу од вас го делат моето мислење затоа што и тој исто така е ветеран кој служел две тури во Авганистан и 10 години бил во воена служба. Тој исто така е основачот на игрите Invictus и татко на нашите две деца Арчи и Лили.“  

Инаку, ова е првпат тие да дојдат во Европа откако го напуштија кралското семејство во 2020-та година, а дополнително има информација дека пред игрите имале наводна тајна средба со Кралицата.

На следната страна погледнете повеќе фотографии од Меган и Хари направени за време на настанот...



Би можело да ве интересира:

Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
Вирални (и непријатни) моменти што ги обележаа MTV VMA 2025 + најсмешните твитови за настанот Доџа Кет си стави кармин на црвениот тепих, па го изеде, Аријана Гранде мака мач...
Детали за првиот брак на Меган Маркл: Се разведоа по 2 години, му го вратила прстенот по пошта Првиот брак на Меган Маркл траеше околу две години, а наводно нејзиниот поранеше...
Славни парови кои се свршија, но не стигнаа до олтар: Џулија Робертс избегала од дома 3 дена пред св... Деми Мур дознала дека свршеникот Емилио Естевез ја изневерува кога веќе ги испра...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...
Меган Маркл критикувана за „морничаво“ видео од лимузина, во близина на местото каде што загина прин... Меган Маркл сподели видео од лимузина снимено во Париз, во близина на местото ка...

Најчитани неделава