Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бруклин и Никола откриваат детали за бракот: „Како стар брачен пар сме, си легнуваме во 8 часот навечер“

„Како стар брачен пар сме, си легнуваме во 8 навечер и гледаме едно ТВ шоу, но вечерта на Мет Гала ни беше како кога родители ќе излезат првпат по долго време. Отидовме на пица по забавата и се давев во неа додека бев облечена во Валентино фустан“ - открива Никола за Vogue мали детали од брачниот живот, но и дозволува да ѕирнеме како им изгледа подготовката за црвен тепих, со разголени фотки од кревет.

bruklin-i-nikola-otkrivaat-detali-za-brakot-kako-star-brachen-par-sme-si-legnuvame-vo-8-chasot-navecher-01.jpg

Бруклин и Никола Пелц Бекам се во брачните води веќе 3 недели, а појавувањето на Мет Гала им беше првото заедничко излегување како брачен пар.

За Vogue парот им дозволи на фановите да ѕирнат како се подготвуваат за еден таков настан, но и откриваат детали од брачниот живот.

„Се чувствувам нормално, кога сме во Лос Анџелес, морам да станам рано за работа, па веќе сме станати како стар брачен пар. Си легнуваме во 20 часот, сакаме да гледаме едно шоу на кое сме навлечени. Но, минатата вечер (за Мет гала), за првпат во подолг период, останавме до толку доцна. Чувството беше како родители да излегуваат“ – вели Никол со смеење.

bruklin-i-nikola-otkrivaat-detali-za-brakot-kako-star-brachen-par-sme-si-legnuvame-vo-8-chasot-navecher-2.jpg

На Мет Гала, Никола беше облечена во розов фустан на Валентино, за кој вели дека се заљубила во него веднаш кога го пробала.

bruklin-i-nikola-otkrivaat-detali-za-brakot-kako-star-brachen-par-sme-si-legnuvame-vo-8-chasot-navecher-04.jpg

За подготовките, Никола открива дека нејзиниот процес трае многу подолго и дека седи на столче за шминка и фризура со часови, додека Бруклин лежи и бара предупредупредување од 5 минути пред да биде готова, па потоа тој се тушира и облекува.

„Морам да признаам дека навистина му требаат само 5 минути за спремање“ – одговара Никола за својот сопруг на прашањето дали му е доволно тоа време.

bruklin-i-nikola-otkrivaat-detali-za-brakot-kako-star-brachen-par-sme-si-legnuvame-vo-8-chasot-navecher-08.jpg

bruklin-i-nikola-otkrivaat-detali-za-brakot-kako-star-brachen-par-sme-si-legnuvame-vo-8-chasot-navecher-07.jpg

Појавувањето на вакви важни настани не е лесно ниту за двајцата, и како што велат, секогаш се чувствуваат по малку нервозно, но ги теши тоа што се заедно и се имаат еден за друг.

По Мет Галата и забавите потоа, Бруклин и Никола продолжиле на пица во раните утрински часови.

„Завршивме на пица во 6 часот наутро, тоа е совршениот начин да се заврши една таква вечер. Бев во креација на Валентино и се давев во пица, се чувствував гламурозно.“

bruklin-i-nikola-otkrivaat-detali-za-brakot-kako-star-brachen-par-sme-si-legnuvame-vo-8-chasot-navecher-06.jpg

bruklin-i-nikola-otkrivaat-detali-za-brakot-kako-star-brachen-par-sme-si-legnuvame-vo-8-chasot-navecher-05.jpg

Кратко видео од интервјуто на парот:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Семејна драма кај Бекамови: Бруклин не зборува со Ромео бидејќи е во врска со негова бивша девојка Новата девојка на Ромео Бекам – Ким – е бивша на брат му Бруклин. Иако Бруклин е...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...
Славни личности кои никогаш не биле на Мет гала Знаете ли дека Бред Пит, Анџелина Џоли, па и Мерил Стрип никогаш не биле на Мет ...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Гладуваат за тесните фустани, користат дрога во тоалетите: Мрачната страна на Мет гала Иако важи за најексклузивниот моден настан во светот, и Мет галата си има свои м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg