Дамиано Давид со повредена нога на Евровизија 2022 - болката му се гледа по гримасите, но храбро издржа (видео)

Вирално се шири видео од Дамиано Давид на Евровизија 2022, во кое на неговото лице се гледа болката што ја трпи заради повредата на ногата откако одбил да настапи со патерици, а даде и саркастичен коментар за минатогодишниот скандал со гласините за користење наркотици. Што се случи со фронтменот на скандалозниот италијански бенд што победи минатата година?

trebalo-da-nastapuva-so-shtaki-no-odbil-detali-za-povredata-na-damiano-david-na-evrovizija-2022-01.jpg

Минатогодишните победници на Евровизија, Maneskin, настапија на сцената во Торино, а видливо беше дека фронтменот на бендот Дамиано Давид е повреден.

trebalo-da-nastapuva-so-shtaki-no-odbil-detali-za-povredata-na-damiano-david-na-evrovizija-2022-02.jpg

Гримасите на лицето на Дамиано Давид предизвикаа голем број коментари кај корисниците на социјалните мрежи. Некои сочувствуваа со неговата болка, а други сметаа дека бендот воопшто не требало да настапи.

„Пуштете ги Maneskin да слезат од сцената, се гледа дека Дамиано трпи голема болка“

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Kathleen Dalli (@kathleen_emo)

Придружуван од колегите од бендот додека настапуваше и без патерици, иако му било препорачано да настапи со нив, Дамиано успеа да изведе две песни.

trebalo-da-nastapuva-so-shtaki-no-odbil-detali-za-povredata-na-damiano-david-na-evrovizija-2022-03.jpg

Според информациите во италијанските медиуми, Дамиано во текот на изминатите денови се здобил со истегнат глужд за време на снимањето на спотот за нивната нова песна Supermodel, додека престојувале во Лондон.

trebalo-da-nastapuva-so-shtaki-no-odbil-detali-za-povredata-na-damiano-david-na-evrovizija-2022-04.jpg

Тој претходно на своите следбеници им најави дека е повреден и објавуваше фотографии со патерици, така што многумина нивни обожаватели се прашуваа дали Maneskin воопшто и ќе настапат на сцената.

trebalo-da-nastapuva-so-shtaki-no-odbil-detali-za-povredata-na-damiano-david-na-evrovizija-2022-05.jpg

Откако храбро го издржа настапот на Евровизија 2022, на својот Инстаграм профил објави нова фотографија во која е во аутфитот што го носеше за време на настапот, потпрен на патерица, а до неа напиша:

„Ништо не може да го спречи вистинскиот супермодел да зачекори на писта.“

Големата болка исто така не го задржа да не направи шега на сопствена сметка и да се осврне на минатогодишниот скандал во Ротердам кога беше обвинет дека консумирал опојни супстанци во бекстејџот.

trebalo-da-nastapuva-so-shtaki-no-odbil-detali-za-povredata-na-damiano-david-na-evrovizija-2022-07.jpg

На прашањето на водителот каков совет би им дал на годинешните натпреварувачи, Дамиано рече:

„Забавувајте се и не се доближувајте до масата.“  

https://www.youtube.com/watch?v=uxA9Wxz53dc

Погледнете го настапот на Maneskin на Евровизија 2022:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Бившиот на Бритни Спирс со неверојатно тврдење: „Синовите се буделе ноќе, а таа стоела со нож пред н... „Понекогаш ќе се разбуделе ноќе и ќе ја виделе како тивко стои на прагот на нивн...
Се прослави покрај Џорџ Клуни, ја остави глумата за да биде со децата - Како Ноа Вајл се врати на го... Беше еден од милениците на Холивуд во 1990-тите, кога глумеше во серијата E.R по...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Љубов каква што ретко постои: Мајкл Даглас (81) и Кетрин З. Џонс (56) се гледаат вљубено и по 25 год... Тој е 25 години постар од неа, во брак се исто така 25 години, а се трудат да из...

Најчитани неделава