„Молете се за мене“: Џастин Бибер има редок синдром кој му го парализира лицето – не може да трепка и да јаде (видео)

„Како што гледате ова око не трепка, не можам да се смеам на таа страна, имам целосна парализа на половина лице. Прилично е сериозно, но очигледно телото ми бара да одморам“ - вели Џастин Бибер во видео во кое открива дека има синдром кој предизвикува парализа на лицето.

molete-se-za-mene-djastin-biber-ima-redok-sindrom-koj-mu-go-paralizira-liceto-ne-mozhe-da-trepka-i-da-se-smee-video-01.jpg

Џастин Бибер изминатава недела ги откажа своите шоуа кои беа предвидени за наредниот период, а сега откри која е причината за тоа.

28-годишниот пејач објави видео на својот Инстаграм профил, во кое открива дека има здравствен проблем.

Станува збор за синдромот Ремзи Хант, предизвикан од вирус, а како последица на тоа му е парализирана десната страна од лицето.

На видеото може да се види дека неговата десна страна воопшто не се поместува, а во описот побара фановите да се молат за него.

Неговата изјава гласи:

„Здраво, Џастин е тука.

Сакав да ве известам што се случува. Очигледно, како што гледате од моето лице, имам синдром наречен Ремзи Хант, од вирус кој го напаѓа нервот во увото и на лицето и предизвикува парализа на лицето.

Како што гледате ова око не трепка, не можам да се смеам на таа страна, имам целосна парализа на половина лице.

За оние кои се фрустрирани од откажаните шоуа, да знаете дека физички не сум способен да ги исполнам. Прилично е сериозно, посакувам да не беше тоа состојбата, но очигледно телото ми бара да забавам.

Се надевам дека разбирате, морам да се одморам и релаксирам, за да можам да го правам тоа што планирав и да си го вратам лицето во нормала.

Ве сакам, благодарам за трпението. Ќе се подобрам, правам вежби. Треба само време, но не знаеме колку. Ќе биде добро се надевам, му верувам на Бог и дека сето ова е со причина, иако не знам што е тоа.“

Во објава на Инстаграм Стори, Џастин дополни дека станува многу потежок и процесот на јадење и дека болеста влијае на него, а по наредба на докторите, ги откажува и следните шоуа. 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џастин Бибер мета на шеги за објавите по свадбата на Селена Гомез: „Ја изгуби, засекогаш“ Викендов Селена Гомез се омажи за Бени Бланко, а на Инстаграм, Џастин Бибер ја с...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Селена Гомез на ручек несредена, Хејли Бибер јаде колач во автомобил – Фото-докази дека и ѕвездите с... Нови фотки од август 2025 кои се доказ дека и ѕвездите се обични луѓе... Алисија...
Скандалите од светот на шоу-бизнисот што ја одбележаа 2025-та Судската битка на Блејк Лајвли и Џастин Балдони, семејната драма на Бекамови и, ...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...

Најчитани неделава