Одат во специјално училиште, мора да доживеат тешкотии: Чудни правила што децата на Илон Маск ги следат + дали ќерката на Амбер Херд е негова?
Илон очекува неговите деца да му бидат најдобрите ученици и наследници
Илон смета дека во првата година таткото не е потребен во животот на детето, но тоа не се случуваше со синот X.
Во неколку наврати најмалиот син беше заедно со Илон на некои важни настани, а Грајмс призна дека милијардерот сака своите деца да ги третира како ученици и наследници.
Децата треба да се образуваат на Интернет
Додека голем број родители сметаат дека на децата треба да им се стават граници во однос на користењето на Интернетот, Илон Маск тврди дека неговите деца во главно се образувале на YouTube и Reddit.
Според него универзитетското образование се состои само од купишта здодевни домашни задачи и тој не бара од неговите вработени задолжително да имаат диплома за завршен колеџ.
Тие одат во неговото посебно училиште
Јасно е дека Илон не верува во традиционалниот образовен систем и во 2014-та година го отвори своето училиште Ad Astra.
Неговите деца, го следат образованието во ова училиште, каде нема класични оцени, а наставата е насочена кон критично размислување и решавање на проблеми.
За секоја изиграна видео игра треба да прочитаат по две книги
Илон Маск признава дека неговата љубов за видеоигрите била пресудна кај него да се развие љубовта кон програмирањето и да го стекне денешното знаење, но сепак тој не сака неговите деца да поминуваат премногу време во виртуелниот свет.
Тој откри дека во неговиот дом има правило според кое децата треба да поминат двојно повеќе време во читање од тоа што го поминуваат во играње видео игри. Тој смета дека на тој начин тие нема да станат зависници од монитор.
Смета дека неговите деца мора да се соочат со тешкотии за да пораснат
Илон на 17-годишна возраст се преселил сосема сам без родителите во Канада. До 15 години постојано бил мета на врсничко насилство и верува дека овие тешки мигови го направиле тоа што е денес.
Тој вели дека е загрижен затоа што неговите деца немаат доволно тешки моменти и предизвици во денешно време.
Од најмала возраст мора да се хранат здраво
Бејбиситерката што во минатото се грижела за тројката Каи, Саксон и Демијан Маск (16) откри дека тие се мошне културно воспитани и дека од најмала возраст бараат да се хранат здраво.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





