„Како никогаш да не видел сонце “ – Илон Маск хит на Твитер со новите фотки од одморот во Грција

Илон Маск стана хит на Твитер откако беа објавени нови фотографии од милијардерот на јахта на Миконос. Според твитерџиите, основачот на „Тесла“ е најбелиот човек што некогаш го виделе, а се шегуваат дека парите не можат да купат сѐ на светот.

kako-nikogash-da-ne-videl-sonce-ilon-mask-hit-na-tviter-so-novite-fotki-od-odmorot-od-grcija-povekje-01.jpg

Ексцентричниот мултимилијардер Илон Маск (51) деновиве е на одмор на грчкиот остров Миконос заедно со неговата пријателка, дизајнерката Сара Штаудингер (33).

Фотографиите на кои тој заедно со Сара ужива на јахта без маица се појавија во поголем број од светските списанија.

kako-nikogash-da-ne-videl-sonce-ilon-mask-hit-na-tviter-so-novite-fotki-od-odmorot-od-grcija-02.jpg

Фотките за брзо време станаа хит на Твитер, а твитерџиите коментираа за изгледот на милијардерот кој неодамна призна дека добил близнаци со неговата вработена Шивон Зилис (36) и дека во моментов е татко на 10 деца.

kako-nikogash-da-ne-videl-sonce-ilon-mask-hit-na-tviter-so-novite-fotki-od-odmorot-od-grcija-03.jpg

Британскиот Daily Mail објави сторија со фотографиите каде го нарече милијардерот „избелениот човек“, а насловот наиде на критики кај дел од корисниците на социјалните мрежи кои го осудија медиумот дека се потсмева на телесниот изглед на Маск.

Од друга страна, пак, голем број твитерџии коментираат за испуштениот стомак и големите гради на милијардерот, а дел од нив гласат:

„Илон Моск излезе на јахта и ми го уништи денот, па сега ќе ви го уништам и вам“.

„Ова е доказ дека парите не може да ви купат сѐ што ќе посакате“.

„Мислам дека ова е најбелиот човек што сум го видела. Како никогаш во животот да не видел сонце“.

Инаку, Илон Маск деновиве е среде скандал заради тужбата од Твитер, а неодамна го одложи судењето што требаше да започне неделава.

Тој претходно најави дека планира да го купи Твитер за цена од 44 милијарди долари, за потоа да се откаже од договорот под изговор дека компанијата не му ги дала сите детали за работењето и не го известиле за крупните измени што биле направени.

Погледнете повеќе фотографии во продолжение:

 

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викторија и Дејвид Бекам ја разгореа страста на јахта – таа не може да му одолее на згодниот сопруг ... Дејвид чита книга, но Викторија има други планови за него – Бекамови уловени во ...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Родители осудија актерка која создаде маски за лице за мали деца: „Ова е токсично и умоболно“ „Сакав да направам нешто што функционира, а е доволно чисто за да можам да го ст...
Славни личности кои ги тужеа нивните родители (и зошто) Коби Брајант ги тужеше родителите бидејќи продавале негови лични предмети без да...
Се свршија по 10 дена врска, двапати се разведуваа: Која е втората (и трета) сопруга на Илон Маск? Илон Маск имал 37, а Талула Рајли 22 години кога се запознале. Веднаш почнаа врс...
Беше присилен да открие дека е геј, дечко му умре од СИДА: Животот на Џорџ Мајкл бил како грчка траг... Иако важеше за една од најпознатите личности на светот, околу него имаше доза ми...

Најчитани неделава