Ким Кардашијан раскина со 14 години помладиот дечко + Клои го доби второто дете со Тристан Томпсон, откако тој јавно ја изневери

По 9 месеци јавно состанување Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон одлучиле да стават крај на врската, а сестра ѝ Клои преку сурогат мајка го доби второто дете со НБА кошаркарот Тристан Томпсон. Сестрите Кардашијан повторно се во фокусот на јавноста.

kim-kardashijan-raskina-so-14-godini-pomladiot-dechko-kloi-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-otkako-toj-javno-ja-izneveri-01.jpg

По 9 месеци врска Ким Кардашијан одлучи да раскине со 14 години помладиот дечко, Пит Дејвидсон, иако до неодамна тврдеше дека е многу среќна и вљубена.

kim-kardashijan-raskina-so-14-godini-pomladiot-dechko-kloi-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-otkako-toj-javno-ja-izneveri-06.jpg

Според објавите во PageSix, Ким Кардашијан (41) и Пит Дејвидсон (28) одлучиле да бидат само пријатели, затоа што во моментов не можеле да ја одржат врската заради напнатиот распоред и големата оддалеченост.

kim-kardashijan-raskina-so-14-godini-pomladiot-dechko-kloi-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-otkako-toj-javno-ja-izneveri-07.jpg

Пит Дејвидсон во моментов е во Австралија, каде работи на снимањето на неговиот филм Wizards!, а Ким го посетуваше, но очигледно парот сфатил дека нивната врска не може да се одржи.

Ким и Пит почнаа да се гледаат пред 9 месеци, откако таа гостуваше во неговото шоу Saturday Night Live, а заедно се појавија и на Мет Гала каде Ким го носеше фустанот на Мерилин Монро.

kim-kardashijan-raskina-so-14-godini-pomladiot-dechko-kloi-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-otkako-toj-javno-ja-izneveri-03.jpg

Прочитајте и Ја освои по разводот со Канје, бившите го фалат за „надареноста“ – Ким и Пит фатени за рака ја потврдија врската

Сепак, случувањата од изминатиот период, раскинувањето на Ким со Пит, најверојатно не значи дека таа повторно ќе му се врати на поранешниот сопруг Канје Вест. Ким и Канје во моментов заедно се грижат за нивните 4 деца: Норт (9), Сент (7), Чикаго (40) и Пслам, но немаат намера да ја обноват врската.

kim-kardashijan-raskina-so-14-godini-pomladiot-dechko-kloi-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-otkako-toj-javno-ja-izneveri-04.jpg

Од друга страна, сестрата на Ким, Клои Кардашијан (38) станала мајка по втор пат, откако преку сурогат мајка го доби синот со Тристан Томпсон (31), кој пред само неколку месеци доби син со фитнес тренерот Марали Николс.

kim-kardashijan-raskina-so-14-godini-pomladiot-dechko-kloi-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-otkako-toj-javno-ja-izneveri-05.jpg

Наводно, Клои нема намера повторно да се помири со плејбојот кој повеќепати јавно ја изневери додека беа во врска, но заедно ќе се грижат за нивните две деца.

kim-kardashijan-raskina-so-14-godini-pomladiot-dechko-kloi-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-otkako-toj-javno-ja-izneveri-08.jpg

За потсетување Тристан и Клои заедно ја добија ќерката Тру во 2018-та година.

kim-kardashijan-raskina-so-14-godini-pomladiot-dechko-kloi-go-dobi-vtoroto-dete-so-tristan-tompson-otkako-toj-javno-ja-izneveri-11.jpg

Прочитајте и Клои Кардашијан чека дете со Тристан Томпсон - плејбојот во 5 наутро со мистериозна жена во Грција

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ребел стана мајка за првпат на 42 години, со помош на сурогат Ребел Вилсон (42) ги изненади своите фанови со објавата на Инстаграм дека станал...
Ким Кардашијан во розов фустан како Барби од реалноста - никогаш послаба (фото) Во совршен Balenciaga фустан, со многу прстени, екстремно долги нокти и малечка ...
Двејн Џонсон ја изненади мајка си со нова куќа: „Благодарение на тебе станав добар човек – горд сум ... „Кога имаш добра мајка, имаш шанса да станеш добар човек, мразам да ја гледам ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg