Тристан Томпсон ќе стане татко по трет пат – Ја изневерил Клои додека славел роденден

Додека Клои му пишуваше романтични пораки на Инстаграм за роденден и му ветуваше дека „најдоброто допрва доаѓа“, Тристан Томпсон бил со друга во хотелска соба. Девојката тврди дека е бремена со неговото дете.

tristan-tompson-kje-stane-tatko-po-tret-pat-ja-izneveril-kloi-dodeka-slavel-rodenden-01.jpg

Неверствата беа главна причина поради која Клои Кардашијан се раздели од Тристан Томпсон, а сега жената што му била личен тренер и со која бил во интимен однос Марали Николс тврди дека е бремена од кошаркарот.

tristan-tompson-kje-stane-tatko-po-tret-pat-ja-izneveril-kloi-dodeka-slavel-rodenden-02.jpg

Daily mail објави фотографии на кои се гледа дека Марали Николс (31) е во поодмината фаза од бременоста, а наводно таа го тужи кошаркарот и тврди дека тој е татко на нејзиното дете.  Се очекува дека таа треба да се породи на почетокот на декември, а наводно тие двајцата имале секс во Тексас за време на прославата на неговиот 30-ти роденден.

tristan-tompson-kje-stane-tatko-po-tret-pat-ja-izneveril-kloi-dodeka-slavel-rodenden-03.jpg

По повод неговиот роденден Клои која со него ја има ќеркичката Тру, тогаш на Инстаграм му напиша порака:

„Ти благодарам за тоа што ми го покажа сето она што ми вети дека ќе ми го покажеш. Благодарна сум затоа што може да не правам ништо со тебе, а да се чувствувам како да сум направила сè.

Се надевам дека знаеш колку си сакан од мене и од многу други. Добредојде во 30-тата! Не можам да дочекам за сите спомени што ќе ги имаме. Ова е времето кога животот станува мошне добар“ – му порача таа.

Инаку, според информациите што се објавени во медиумите Тристан по забавата за роденденот имал секс со Марали во неговата хотелска соба. Според кошаркарот тој имал секс со неа само еднаш, односно вечерта по забавата, додека нејзините адвокати тврдат дека тие имале афера која траела пет месеци пред вечерта на забавата.

tristan-tompson-kje-stane-tatko-po-tret-pat-ja-izneveril-kloi-dodeka-slavel-rodenden-04.jpg

Инаку, доколку се докаже дека Марали е бремена со неговото дете, ова ќе биде трето дете на кошаркарот. Тој во врската со Клои Кардашијан ја има ќерката Тру Томпсон (3) и синот Принс Томпсон (4) со поранешната моделка Џордин Креиг (30).

tristan-tompson-kje-stane-tatko-po-tret-pat-ja-izneveril-kloi-dodeka-slavel-rodenden-05.jpg

Прочитајте и Клои Кардашијан одлучи да стави крај на врската со Тристан Томпсон – го виделе како влегува во спална со 3 девојки

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Клои Кардашијан немала односи над 3 години: „Мајка ми ме тера да правам голи фотки, за секој случај“ Клои вели дека мајка ѝ Крис ја поттикнува да се фокусира на изгледот, да изгледа...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...

Најчитани неделава