Никола Пелц со солзи во очите по гласините за кавгата со Викторија Бекам: „Никогаш не дозволувам луѓето да ме понижат“

„Од мала ме научија дека не смеам да дозволам луѓето да ме понижат и да ме повредат“ – напиша Никола Пелц Бекам на Инстаграм по гласините дека таа од свадбата па наваму е во лоши односи со мајката на нејзиниот сопруг, Викотрија Бекам.

nikola-pelc-so-solzi-vo-ochite-po-glasinite-za-kavgata-so-viktorija-bekam-nikogash-ne-dozvoluvam-lugjeto-da-me-ponizhat-01.jpg

Неколку недели наназад кружат гласини дека новата сопруга на најстариот син на Викторија и Дејвид Бекам, Никола Пелц Бекам е во кавга со свекрвата.

Наводно, заладените односи меѓу Никола и Викторија, придонеле за тоа Бруклин да не го помине летниот одмор со семејството.

nikola-pelc-so-solzi-vo-ochite-po-glasinite-za-kavgata-so-viktorija-bekam-nikogash-ne-dozvoluvam-lugjeto-da-me-ponizhat-02.jpg

Прочитајте и Бруклин Бекам го помина одморот со семејството на Никола наместо со своето – гласини дека таа се скарала со Викторија

Според PageSix, Никола и Викторија не можат да се поднесат една со друга и не разговараат, а подготовките за свадбата биле ужасни.

Откако во поголем број светски медиуми беше објавена веста за наводната расправија меѓу познатите снаа и свекрва, Никола на Инстаграм објави фотографија, на која се гледа дека е во видно лошо расположение и со солзи во очите.

Иако, актерката не кажа ништо во однос на расправиите со мајката на нејзиниот сопруг, таа призна дека се чувствува лошо и дека нејзините родители уште од мала ја научиле да не покажува слабост.

„Понекогаш ми е тешко да покажам тага. Пораснав со седум браќа и сестри и двајца мошне силни родители и тоа ме направи мошне цврста, од мала ме научија дека не смеам да дозволам луѓето да ме понижат и да ме повредат.

Заради тоа имам ѕидови што ми помагаат да се заштитам себеси во индустријата во која работам.

Сите имаме денови кога луѓето ќе направат да се чувствуваш лошо и во ред е да се чувствуваш повредено заради тоа.

Мислев дека треба да напишам нешто затоа што речиси никогаш не ја покажувам оваа страна од себеси.

Сакав да ви покажам каква сум навистина. Ве сакам многу и навистина ми значи вашата поддршка“ – им порача Никола на своите следбеници на Инстаграм.

Инаку, се смета дека односите меѓу Никола и Викторија мошне се влошиле за време на подготовките за свадбата. Викотрија била навредена затоа што Никола не сакала да носи венчаница дизајнирана од свекрвата, а за време на свадбата Бекамови биле целосно во сенка на мултимилијардерите Пелц.

nikola-pelc-so-solzi-vo-ochite-po-glasinite-za-kavgata-so-viktorija-bekam-nikogash-ne-dozvoluvam-lugjeto-da-me-ponizhat-05.jpg

Дека нешто не е во ред можеше да се забележи уште по првите папарацо фотографии направени непосредно по свадбата, каде се гледа дека Бруклин прави сè за да ја направи среќна својата сопруга, а таа постојано е тажна.

Прочитајте и Го зеде презимето на сопругата, Дејвид и Викторија строго го контролирале за да не ги посрамоти – Факти за Бруклин Бекам

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...

Најчитани неделава