Златан Ибрахимовиќ купи црква, Дидие Дрогба – рудник за злато: Како фудбалерите ги трошат милионите?

Но, има и такви кои ги вложуваат парите во необични работи.

Златан Ибрахимовиќ, наводно, купил црква во Стокхолм која планира да ја претвори во станови.

View this post on Instagram

A post shared by Zlatan Ibrahimović (@iamzlatanibrahimovic)

Дидие Дрогба купил рудник за злато за кој платил околу 52,3 милиони евра.

Легендата на Manchester United, Вејн Руни, обожава коњи, па на сопругата ѝ купил коњ кој чини скоро 105.000 евра.

Но, некои фудбалери донираат дел од својата заработка.

Вилфред Заха секој месец донира 10% од својата заработка во хуманитарни цели.

Тој почнал да донира уште од првата плата што ја добил како фудбалер и обично дава пари во сиропиталишта.

https://www.instagram.com/p/Ctzg7KaMYfQ/

Кристијано Роналдо важи за еден од најдарежливите фудбалери. Тој во 2013 година донира 90.000 евра на Црвениот крст.

Во 2014 година, кога ја освои Лигата на шампиони, Роналдо доби бонус од 450.000 евра, кои ги даде директно во добротворни цели.

Претходно, во 2009 година, славниот фудбалер даде пари за лекување на момче болно од рак. Тој ја плати операцијата на детето и хотелското сместување за неговите родители, а една година ги плаќаше и болничките трошоци за детето во приватен медицински центар. За жал, момчето почина во 2013 година.

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах основа фондација која досега финансиски им помогнала на околу 450 семејства.

Тој пред неколку години донира 240.000 евра на владата на Египет, кога земјата се соочуваше со голема криза. По нападот на Каиро во 2019 година, во кој беше уништен Националниот институт за рак, Салах донира 2,5 милиони евра за реновирање на Институтот.

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Договара повисока плата, вербално се пресметува заради него – Која е Фајза Ламари, мајката на Мбапе? Се кара со мајките на соиграчите на трибините, ги уценува клубовите за повисоки ...
Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парит... Има колекција од скапи автомобили, но кога може, на натпреварите оди со велосипе...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
За него го оставила шекот со кого била верена: Љубовната приказна на Мирка и Роџер Федерер „Тогаш ја запознав светлината на својот живот, жена за која би одел на Месечинат...
„Не доби црвен картон затоа што е Меси“ – Фудбалерот е хит на Твитер откако се степа на теренот На Меси не му се допаѓа кога ги навредуваат колегите од неговата репрезентација....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg