Тенис за слепи

tenis-za-slepi-povekjeЈапонците се познати по смислување нови технолошки изуми, но и сѐ повеќе спортови. Мијоши Такеи ја збогати листата на светски спортови, но и животот...


...на лицата со оштетен вид креирајќи го тенисот за слепи.

tenis-za-slepi-1

Со голема поддршка од неговиот професор во средно, Такеи се обидувал да го удри тениското топче водејќи се само од звукот на брзото движење низ воздухот. Потоа играта ја приспособил за слепи така што создал полесно, сунѓересто топче што ѕвечка, за играчите да може да ја следат насоката на движење според звукот.

tenis-za-slepi-2

Првото државно првенство во тенис за слепи е одржано во 1990 година, а оттогаш спортот го прифатиле стотици играчи во Јапонија, но и Кина, Кореја, Тајван, Велика Британија, а од неодамна и во САД, Русија и Австралија.

Тенис за слепи се игра на терен за бадмингтон, а линиите се облепени со ленти за играчот да почувствува како да се позиционира.

Идеите на сега покојниот Такеи остануваат светол пример за сите лица со оштетен вид, поттикнувајќи ги да ги поместуваат границите и да се тежнеат кон што поквалитетен живот.
 

Би можело да ве интересира:

Се исцрпува до повраќање, многу операции: Мрачната страна позади скијачката кариера на Линдзи Вон Листата на нејзини повреди е огромна, од скршеници до скинати лигаменти и повред...
Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Св...
Првиот македонски претставник настапи на Олимпијадата 2026: „Се бореше лавовски“, велат од МОК „Денес, со македонското сонце на градите, најдобриот македонски спортист Ставре ...
Олимписка лизгачка побарала од професорот одложување на домашна – неговата реакција стана вирален хи... Уметничка лизгачка му напишала мејл на професорот во кој бара одложување на роко...
Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпревару... Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире...
Ја избркаа од клуб заради скандалозен ноќен живот, па заработуваше на OnlyFans – Најпровокативната ф... Во 2019-та ја избркаа од фудбалскиот клуб заради видео надвор од теренот со оску...

Најчитани неделава