Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу

Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрениот медал на европското првенство во џиу-џицу што се одржа во Питешти, Романија.

gordi-sme-makedonkata-katerina-acevska-e-evropska-viceshampionska-vo-djiu-djicu-01.jpg

Во Питешти, Романија, се одржуваше Европското првенство во џиу-џицу, а Македонија имаше неколкумина свои претставници: Александра Ацевска, Јаким Колевски, Антонио Стојчески и Данил Николиски.

sekoja-chest-makedonkata-katerina-acevska-e-evropska-viceshampionska-vo-djiu-djicu-06.jpg

Единствената дама меѓу претставниците нѐ направи горди и на нашата земја ѝ донесе сребрен медал.

sekoja-chest-makedonkata-katerina-acevska-e-evropska-viceshampionska-vo-djiu-djicu-04.jpg

Убавите вести се соопштени и на Фејсбук страната на Македонската џиу-џицу федерација.

„Европа има Вицешампион во женска конкуренција, а тоа е Катерина Ацевска.

Со три убедливи победи и пораз во финалето дојде до второто место и сребрениот медал.

Ова е втор медал од Европските првенства, после бронзениот од Франција. Позади нас останаа велесили како Франција, Португалија, Грција, Унгарија, како и уште 20 држави што имаа пријавено борци на Еврското првенство.

sekoja-chest-makedonkata-katerina-acevska-e-evropska-viceshampionska-vo-djiu-djicu-05.jpg

Нашите останати членови Јаким Колевски, Антонио Стојчески и Данил Николиски и покрај храбрите и одлични борби не успеаја да дојдат до еден од медалите. Со оглед на сериозноста на турнирот собраа многу искуство што носи едно вакво Европско првенство.

Им честитаме на сите борци, секоја чест за Катерина Ацевска.

Благодарност и до тренерите Александар Ацевски и Христијан Јованов, како и до Ицо Колевски кој како техничка поддршка беше со екипата во Романија“ - стои во објавата.

sekoja-chest-makedonkata-katerina-acevska-e-evropska-viceshampionska-vo-djiu-djicu-02.jpg

Катерина се натпреваруваше во категоријата над 70 килограми, а во финалето загуби од Германката Лота Сандер.

sekoja-chest-makedonkata-katerina-acevska-e-evropska-viceshampionska-vo-djiu-djicu-03.jpg

Таа е член на Македонската џиу-џица федерација и на џиу-џицу клубот „Дан-Кју“ од Скопје.

Поттикнати од пораката на новата иницијатива на Македонски Телеком „Да направиме место за вистински да се поврземе“, којашто поттикнува отвореност и меѓусебно разбирање, за што говореше и Горан Стефановски, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за добри вести и приказни кои инспирираат.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Св...
Французинот кој трча и менува јакни е вистински хит на Олимпијадата - Што знаеме за Беноа Ришо? Оваа зимска Олимпијада донесе многу интересни моменти, спортски подвизи кои ќе с...
Растура на Светско, го нарекуваат „викинг“: Кој е норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, што стана хит м... Ерлинг Халанд веќе важи за најдобриот фудбалер од Норвешка, но благодарение на С...
Нашата скијачка Јана Атанасовска не ја заврши трката во слалом на Олимпијадата 2026 „По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка ...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...

Најчитани неделава