Каратистите на „Макпетрол“ на Светската младинска карате-лига освоија сребро и две седми места

Сребрен медал и два пласмани на седмо место се резултатите што каратистите на „Макпетрол“ ги остварија на Светската младинска карате-лига. На турнирот што од 27 до 30 јуни се одржа во хрватскиот град Пореч, Стефан Стојановиќ заврши на втората позиција (+84 кг.). Седми во своите категории беа Данило Божовиќ и Витомир Трајковски.

karatistite-na-makpetrol-na-svetskata-mladinska-karate-liga-osvoija-srebro-i-dve-sedmi-mesta-01.jpg

- За оваа Светска лига се подготвувавме сериозно, имавме вкупно пет спортисти во групата на постари јуниори (У21). Сите наши претставници имаа добри настапи. Освоивме еден сребрен медал и остваривме два високи пласмани на седмо место со Данило Божовиќ и со Витомир Трајковски.

Бевме близу до освојување и на втор медал. Трајковски (-84 кг.) не настапи во репасажот во борбите за бронза бидејќи уште во првата борба се повреди (фрактура на раката). Потоа оствари две победи со скршена рака, но повеќе не можеше и затоа без борба ја предаде репасажната борба која можеше да го донесе бронзениот медал - изјави Петар Заборски, тренер на „Макпетрол“.

karatistite-na-makpetrol-na-svetskata-mladinska-karate-liga-osvoija-srebro-i-dve-sedmi-mesta-02.jpg

Во категоријата под 84 килограми Витомир Трајковски ги оствари следните резултати против: Мохамед-Амине Баџу (Мароко) 1-0; Ештон Патрик (Англија) 3-2; Немања Микулиќ (Црна Гора) 0-6.

Данило Божовиќ имаше мечеви со следниве противници: Хасан Хусин (Египет) 0-0; Тони Пипл (БиХ) 4-0; Лазар Потпара (Црна Гора) 0-3. Јована Мицовска ја порази Аурора Кампобасо од Италија со 5-3, додека загуби од Александра Давидова (Латвија) со 0-7.

Димитар Лозаноски беше подобар од Јаник Боехлер (Австрија, 4-0), а со Анџело Ингенито од Италија заврши 0-0.

makpetrol_tim_porec.jpg

Стојановиќ во финалето во категоријата над 84 килограми се бореше со претставникот на Египет, Хусин Камел Хасан. Конечниот резултат беше без поени, 0-0, но членот на „Макпетрол“ не го освои првото место како резултат на судиското изјаснување, што беше во полза на египетскиот спортист.

На Светската Карате 1 Младинска лига во Пореч настапија 3,639 каратисти со 3,714 натпреварувачки влезови од 74 држави.

Би можело да ве интересира:

Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е балкански карате-шампион Каратистот на клубот „Макпетрол“, Данило Божовиќ, освои златен медал на Балканск...
Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе к... „Системот беше „штафетен“ - додека дел од екипата трча, другите одмораа во комбе...
Нашата скијачка Јана Атанасовска не ја заврши трката во слалом на Олимпијадата 2026 „По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка ...
„Ме силуваа 2 недели пред да освојам злато во Пекинг“ - Параолимпијка откри зошто се парализирала пр... „Однадвор бев успешна спортистка која освојува сè што може да се замисли, но збо...
Скијачка запросена пред илјадници луѓе на Олимпијада - Освои злато, па доби свршенички прстен Прво запросување на Олимпијадата 2026 - кога освојувачката на златен медал Бризи...
ЕМОФ Скопје 2025: Бреслиева остана без медал во таеквондо, Смилев осми во финалето на К1-слалом На четвртиот натпреварувачки ден, двете македонските репрезентации во Баскет 3х3...

Најчитани неделава