Нејмар купи дрес од уличен продавач, мажот скока од среќа среде раскрсница (видео)

Бразилецот Нејмар, кој е еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, направи вистинско шоу на раскрсница во Лос Анџелес, кога застана да купи дрес од уличен продавач на спортски дресови.

nejmar-kupi-dres-od-ulichen-prodavach-mazhot-skoka-od-srekja-srede-raskrsnica-video-01.jpg

Легендарниот бразилски фудбалер Нејмар е во САД, каде што се игра турнирот Копа Америка, кој е пандан на Европското првенство, но на кој се натпреваруваат државите од Јужна и Северна Америка.

Ова е 48-мо издание на турнирот, а САД се вторпат домаќини.

Нејмар не игра за репрезентацијата на Бразил, но дојде да ги бодри своите соиграчи. Па додека со автомобил се движеше низ Лос Анџелес, на семафори забележа уличен продавач на дресови.

„Дај ми дрес од Бразил. Побрзај, побрзај“, вели славниот фудбалер.

nejmar-kupi-dres-od-ulichen-prodavach-mazhot-skoka-od-srekja-srede-raskrsnica-video-03.jpg

Мажот, кој стои на тротоарот на другата страна на улицата го прашува Немар која големина на дрес му треба.

„L“, одговара фудбалерот, по што мажот доаѓа, му го подава дресот преку прозорецот на возилото и дури тогаш забележува со кого зборува.

По ова почнува да скока од среќа во неверување.

nejmar-kupi-dres-od-ulichen-prodavach-mazhot-skoka-od-srekja-srede-raskrsnica-video-05.jpg

Нејмар му бара уште еден ист дрес, па мажот набрзина оди по вториот дрес.

Но, сега со него се враќаат уште неколку луѓе, кои бараат да направат селфи со славниот фудбалер.

nejmar-kupi-dres-od-ulichen-prodavach-mazhot-skoka-od-srekja-srede-raskrsnica-video-02.jpg

Видеото на кое Нејмар купува дресови го снимаат неговите пријатели од автомобилот, а потоа го објавија на Инстаграм.

Досега има преку 3,5 милиони прегледи и скоро 340.000 лајкови.

Инаку, финалето на Копа Америка ќе се игра на 14 јули, истиот датум кога ќе се знае и победникот на ЕУРО2024.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Кристијано Роналдо за смртта на Диого Жота: „Бев со Џорџина кога дознав, плачев многу, но не се каам... Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) и неговиот брат Андре (26) загинаа во соо...
Роналдо облече дрес на починатиот Диого Жота и му ја посвети победата над Хрватска – со Лука Модриќ ... На последниот танц на Модриќ и Роналдо, откако синоќа Португалија извојува побед...
Лани доби внука, можат да го видат само 20-тина луѓе: Во каква состојба е Михаел Шумахер 12 години п... 12 години по трагичната несреќа, сопругата на Михаел Шумахер е посветена на тоа ...
Детали за несреќата во која загина екс-голман на Арсенал - воз го влечел автомобилот неколку метри, ... На железничкиот премин во кој загина Алекс Манингер бил поставен знак „стоп“, а ...
Убиство, модерно ропство: Скандали што го одбележаа Светското фудбалско првенство низ годините На почетокот од јуни, фудбалски судија од Сомалија бил задржан на аеродром во Ма...

Најчитани неделава