Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе кога си сам на патеката“

„Системот беше „штафетен“ - додека дел од екипата трча, другите одмораа во комбето, јадеа, се обидуваа да фатат малку сон и се подготвуваа за следната смена. Мораме да споменеме дека бевме „најматори“ од сите учесници, но со големо срце“, вели Филип Поповски, кој со својата екипа 091RunCrW, учествуваше во екипната трка EuroTriр.

makedonci-istrchaa-400km-od-ljubljana-do-zadar-vo-timska-trka-zavrshivme-za-33-chasa-najteshko-e-nokje-koga-si-sam-na-patekata-01.jpg

ЕuroTrip е тимска трка која ги поврзува луѓето кои се вљубеници во трчањето, градовите и Европа како целина. Започна во 2022 година со идеја да се трча од Бриж во Белгија до Келн во Германија.

Следната година се трчаше од Келн до Стразбур во Франција, лани трката беше од Стразбур до Инсбрук во Австрија, годинешното, четврто издание беше од Инсбрук до Љубљана, а годинава се трчаше од Љубљана до Задар.

На оваа патека, која е долга 400km, учество зеде и македонска екипа, 091RunCrw, а меѓу нив и Филип Поповски, кој за CRNOBELO.com, раскажа за нивното патешествие и авантуристичката трка која траела околу 33 часа:

makedonci-istrchaa-400km-od-ljubljana-do-zadar-vo-timska-trka-zavrshivme-za-33-chasa-najteshko-e-nokje-koga-si-sam-na-patekata-07.jpg

Од каде до каде се трчаше и колку километри?

„Еуротрип“ авантурата оваа година беше вистински маратонски предизвик!

Стартната линија беше во прекрасната Љубљана, а целта ни беше Задар.

Вкупно изгазивме околу 400 километри низ планини, ридови, села - патека која не само што ги тестираше нашите нозе, туку ни ги наполни очите со пејзажи што изгледаат како од разгледница.

Особено симнувањето преку Мајсторска цеста на Велебит кон морето.

makedonci-istrchaa-400km-od-ljubljana-do-zadar-vo-timska-trka-zavrshivme-za-33-chasa-najteshko-e-nokje-koga-si-sam-na-patekata-06_copy.jpg

Кој беше дел од екипата и колку време трчавте?

Тимот на 091RUNCrW го сочинуваа 12 ентузијасти, вљубеници во спортот и адреналинот, доследни од почеток до крај.

Бевме тим што дишеше како еден, а трчавме вкупно околу 33 часа без престан.

Да, баш така - нозете не смееја да застанат!

makedonci-istrchaa-400km-od-ljubljana-do-zadar-vo-timska-trka-zavrshivme-za-33-chasa-najteshko-e-nokje-koga-si-sam-na-patekata-09.jpg

Како се ротиравте?

Системот беше „штафетен“, но со многу помалку комоција од она што го замислувате.

Додека еден дел од екипата трчаше, другите одмораа во комбето, јадеа, се обидуваа да фатат малку сон и се подготвуваа за следната смена.

Тоа е игра на доверба и дисциплина - кога еден паѓа со енергија, другиот го крева.

Секако јадењето беше предизвик, дали да јадеш или да спиеш.

Мислам дека изедовме толку „врапови“, што следниот ќе ни биде тек за една година.

makedonci-istrchaa-400km-od-ljubljana-do-zadar-vo-timska-trka-zavrshivme-za-33-chasa-najteshko-e-nokje-koga-si-sam-na-patekata-02.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Евгениј Поп Ацев (37) го преплива Ла Манш за помалку од 10 часа - стана петтиот Македонец со овој пл... Пред Евгениј Поп Ацев, истиот пливачки подвиг го остварија и Нико Нестор, Атина ...
Детали за несреќата во која загина екс-голман на Арсенал - воз го влечел автомобилот неколку метри, ... На железничкиот премин во кој загина Алекс Манингер бил поставен знак „стоп“, а ...
Лани доби внука, можат да го видат само 20-тина луѓе: Во каква состојба е Михаел Шумахер 12 години п... 12 години по трагичната несреќа, сопругата на Михаел Шумахер е посветена на тоа ...
ЕМОФ Скопје 2025 свечено затворен: Европа обединета преку спортот, солидарноста и пријателството На ден како 26 јули – кога пред 62 години сите европски земји се обединија во по...
Злато и бронза за Мојсовска и Јовановска од „Макпетрол“ на Универзијадата во Полска Ангела Мојсовска освои злато, а Викторија Јовановска бронза на Европската Универ...
Спортски спектакл во Македонија: ЕМОФ Скопје 2025 со врвна организација, рекорден број спортови и св... На денешната официјална прес-конференција во Скопје, претставниците на Евопските...

Најчитани неделава