Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе кога си сам на патеката“
Кој беше најпредизвикувачкиот момент?
Дефинитивно ноќното трчање низ планинските превои.
Кога ќе се најдеш сам на пат, опкружен со темнина, и покрај тоа што имавме другар на велосипед кој нè следи и осветлува, каде што единствено што го слушаш е сопственото дишење и звукот на патиките по асфалтот - тоа е моментот кога главата ти вели „доста е“, „стар сум за ова чудо“‚ а срцето вика „продолжи“.
Тоа беше вистинскиот психолошки тест.

Каков беше вашиот тимски резултат споредено со лани?
Ако лани беше „пробај да преживееш“, оваа година беше „покажи што знаеш“.
Подобривме многу сегменти во организацијата и логистиката, што резултираше со давање на максимум.
Мораме да споменеме дека бевме „најматори“ од сите учесници, но со големо срце.
Растеме како екипа и секоја година поставуваме сè повисоки стандарди за себе, но и доследно преставувајќи ја нашата земја помеѓу останатите екипи кои учествуваа.

Која е дестинацијата за следната година?
Веќе ги кроиме плановите! Следната „Еуротрип“ рута започнува од Загреб, а финишот ќе биде во магичната Будимпешта.
Подготвуваме рута која ќе биде уште попредизвикувачка и, секако, уште пофотогенична.
Така што, продолжете да нè следите затоа што, 091 не запира!

Повеќе фотографии го галеријата:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело