Фудбалерите со своите фанови

Дел од фудбалските репрезентативци на Македонија, Крсте Велковски, Муарем Муарем и Јован Костовски вчера вечер во трговскиот центар Рамстор се дружеа и се фотографираа со своите фанови.

fudbalerite-so-svoite-fanovi

На дел од нив им поделија и билети за пријателскиот натпревар со Летонија. Делеа потписи и во опуштена атмосфера разговараа со посетителите за различни фудбалски теми, взаемно посакувајќи позитивен резултат од претстоечкиот натпревар кој во среда ќе се одигра на националната арена Филип Втори, со почеток во 19:00 часот.

Свое деби како селектор на македонската репрезентација ќе има Бошко Ѓуровски, а во нашиот тим се повикани најдобрите фудбалери кои ги имаме во моментов, со исклучок на неколку репрезентативци од младата селекција, кои истиот ден во Португалија ќе играат квалификациски натпревар со истоимената репрезентација.

Натпревар за повторно обединување, за враќање на самодовербата и за позитивна енергија и за историски успех во новиот квалификациски циклус.  Репрезентативците ветуваат борба и добар фудбал, а за што очекуваат и поддршка од публиката.

Да навиваме за Македонија, да ја бодриме нашата фудбалска репрезентација.

Би можело да ве интересира:

Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Св...
Македонија оди на Светско! Ракометарите десетти пат се изборија за пласман за најголемото натпревару... Македонската ракометна репрезентација повторно нè направи горди! Момците на Кире...
Протекоа скандалозни снимки од забави на фудбалери со ескорт девојки во Италија - присуствувал и Ибр... Контроверзниот италијански бизнисмен, Фабрицио Корона, познат и како „кралот на ...
ЕМОФ Скопје 2025 свечено затворен: Европа обединета преку спортот, солидарноста и пријателството На ден како 26 јули – кога пред 62 години сите европски земји се обединија во по...
Зоран Јовановски од Василево е прв Македонец кој ќе се натпреварува на Зимска параолимпијада - ќе на... „Ова е историски чекор за скијачките спортови во Македонија“, велат од Скијачкат...
Натпреварот со Португалија на Европско ракометно првенство заврши нерешено Натпреварот почна и заврши тензично, а крајниот резултат беше 29:29. Нашите рако...

Најчитани неделава