Британците грмеа, „еден-два“ победа во Аскот

Британските пилоти Пол Боном и Најџел Лемб остварија двојна победа на легедарната коњичка патека во Аскот, триумфирајќи во домашната трка од светското првенство на Red Bull Air Race со што ја вратија неизвесноста во борбата за титулата.

britancite-grmea-eden-dva-pobeda-vo-askot-1

АСКОТ, Велика Британија – Британците Пол Боном и Најџел Лемб го освоија првото и второто место во трката од светското првенство на Red Bull Air Race одржана на легендарната патека за коњички трки во Аскот, излудувајќи ги сите 29 илјади гледачи со своите изведби во тешките ветровити услови. Ова е 15. победа во кариерата на Боном, кому ова му беше 55. настап во светското првенство. Со втората победа сезонава, вредна 12 поени, тој ја намали предноста на водечкиот во генералниот пласман, Ханс Арх, од тринаесет на само два поена. Австриецот финишираше на невоообичаеното за него – осмо место, а до крајот има уште три трки.

Боном на својот авион го има стартниот број 55, а на табелата сега е втор со 41 поен, зад Арх кој има 43 бода. Победата во Аскот е остварена со старт од место, но со безгрешно летање и покрај силниот и променлив ветер кој дуваше со брзина од 30 јазли и на многу пилоти им направи проблеми во настапот. Гледачите на исполнетите трибини во неколку наврати скокаа на нозе од маневрите кои предизвикуваат морници на рбетот, искажувајќи го со аплауз задоволството кога тој со последното возење во финалето за четворицата најдобри го запре часовникот со сензационален резултат од 1:11.579. Најџел Лемб задоцни нецели две десетинки (1:11.750), но го прослави својот роденден со освојување десет важни бода, кои го етаблираат на третата позиција во генералниот пласман со вкупно 35 поени.

- Мислам дека ова би требало да биде најдоброто бегство до сега, одлична победа,- рече Боном кој не беше задоволен од своите перформанси на квалификациите и речиси ќе беше елиминиран по првата рунда со учество на 12 пилоти, кога Матијас Долдерер го победи, но на крајот заврши четврти. - Британците ја сакаат авијацијата, не би можел да посакам подобар резултат.

britancite-grmea-eden-dva-pobeda-vo-askot-2

Ова беше горчлив ден за Арх, кој гледаше како се топи неговата предност од 13 поени во генералниот пласман, бидејќи беше исфрлен во втората рунда од осум најдобри пилоти, поради казни на ветровитата патека. Слично помина и Пит МекЛиод кој доминираше во квалификациите и ја освои пол позицијата, но беше елиминиран во првата рунда и заврши десетти.

Резултати: 1. Пол Боном (Англија), 2. Најџел Лемб (Англија), 3. Николас Иваноф (Франција), 4. Матијас Долдерер (Германија), 5. Мат Хол (Австралија), 6. Јошихиде Муроја (Јапонија), 7. Петер Бешењи (Унгарија), 8. Ханс Арх (Австрија), 9. Мартин Сонка (Чешка), 10. Кирби Чемблис (САД), 11. Пит МекЛиод (Канада), 12. Мајкл Гулијан (САД)

Табела: 1. Арх 43 поени, 2. Боном 41 поен, 3. Лемб 35 поени, 4. Хол 25 поени, 5. Меклиод 18 поени, 6. Иваноф 15 поени, 7. Муроја 10 поени, 8. Долдерер 9 поени, 9. Сонка 8 поени, 10. Бешењи 6  поени, 11. Чемблис 5 поени, 12. Гулијан 0  поени.

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg