Икс-фајтерите се подготвени за епска грчка драма

Едно од најепските натпреварувања во светското првенство на Red Bull X-Fighters се очекува на 12 јуни во Атина, кога најпрестижната манифестација во мотокрос слободен стил на светот ќе го има своето долгоочекувано деби во грчката престолнина на спектакуларната сцена во каменоломот во Дионисос, на планината Пентели.

iks-fajterite-se-podgotveni-za-epska-grcka-drama-01.jpg

АТИНА, Грција – Првото натпреварување во Грција ветува дека ќе биде за паметење на една од највозбудливите арени во историјата на Red Bull X-Fighters. Спектакуларниот каменолом за мермер во Дионисос е место што е во истиот регион каде што се произведува познатиот бел мермер, употребен за да се изгради Акрополис, а воедно ќе претставува и најголема и најпредизвикувачка патека во календарот за 2015 година.

На втората трка во сезоната ќе се појават дванаесет најдобри возачи во светот за мотокрос слободен стил, меѓу кои се и осум поранешни победници на ова првенство. Тројката што беше на подиумот при отворањето на сезоната во Мексико Сити ги вклучува сензационалниот победник Клинтон Мур од Австралија, Ливај Шервуд од Нов Зеланд и Французинот Томас Паже, но тие ќе имаат полни раце работа за да ги одбранат своите позиции од врвната конкуренција. Актуелниот шампион на ова светско првенство, Џош Шихан од Австралија и Јапонецот Така Хигашино ќе учествуваат за првпат во првенството за 2015 година токму на трката во Атина и ќе се обидат да фатат приклучок на табелата.

Влезниците за настанот се веќе распродадени, а најдобрите возачи ќе ги прикажат своите изведби кои и пркосат на гравитацијата и скокови коишто достигнуваат 30 метри во должина и 15 метри во висина на најуникатната арена за 2015 година. Каменоломот за мермер Дионисис е на планината Пентели, а каменоломите во овој регион постојат уште од златното доба на Перикле, обезбедувајќи го славниот бел мермер којшто е употребен за да се подигнат многу знаменити антички градби во Грција. За изградбата на патеката беа потребни три седмици, при што има три нивоа во каменоломот, коишто се високи 7 метри, поради што ова ќе биде една од најспектакуларните патеки, со голем број на можни линии на движење за возачите. Потрошени се 12500 кубни метри земја за да се изгради патеката во внатрешноста на каменоломот во простор со должина од 350 метри, ширина од 230 метри и длабочина од 80 метри.

Сезоната започна во Мексико Сити, а по Атина светската серија на Red Bull X-Fighters се сели во Мадрид, на 10 јули. Финишот на сезоната ќе биде со трките во Преторија, Јужна Африка на 12 септември и Обединетите Арапски Емирати на 30 октомври.

Листа на учесници за Атина 2015:

1. Клинтон Мур (Австралија)

2. Ливај Шервуд (Нов Зеланд)

3. Томас Паже (Франција)

4. Дани Торес (Шпанија)

5. Реми Бизар (Франција)

6. Адам Џонс (САД)

7. Хавиер Вилегас (Чиле)

8. Џош Шихан (Австралија)

9. Така Хигашино (Јапонија)

10. Роб Аделберг (Австралија)

11. Давид Ринало (Франција)

12. (дополнително ќе се решава)

Натпреварувањето во Атина ќе може да се следи во живо преку веб страницата redbullxfighters.com во 21 часот на 12 јуни, а исто така и на Red Bull TV којшто е достапен на играчките конзоли, на мобилните и други уреди. За комплетна листа на поддржани уреди, посетете го about.redbull.tv.

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...
Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската...
Браво! Бодибилдерката Мери Акиевска трета година по ред ѝ донесе злато на Македонија (видео) „По третпат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула“ – порача на И...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg