Сестрите Божиноски не знаат за пораз

Сестрите Магдалена и Марија Божиноски во изминатите неколку години се доста успешни во нивните спортови.

sestrite-bozinoski-ne-znaat-za-poraz-01.jpg

Магдалена Божиноска (12 години) две години е државен првак, а во кумите-борби е без пораз на турнирите во Македонија со освоени околу 15 први места – златни медали. Покрај ова, може и да се пофали со прво место на интернационалните купови кои што се одржаа во Србија и Бугарија. Магдалена шест години е член на Карате клуб Олимпик од Скопје.

Нејзината постара сестра Марија Божиноска (18 години) се занимава со кик бокс и е член на македонската кик бокс репрезентација веќе три години. На европското првенство кое се одржа во август во Сан Себастијан Шпанија дојде до вицешампионската позиција. Нејзини поголеми достигнувања досега се трето место на европско првенство Полска 2013 год, петто место на светско првенство во Италија, Римини 2014 год, прво место на Балкан опен 2015 год,  Босна – Тешањ. Таа шест години е член на Кик бокс клубот Гладијатор – Скопје. 

sestrite-bozinoski-ne-znaat-za-poraz-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Жените „полудеа“ по згодниот голман на Нигерија - Што знаеме за Мадука Окоје? Иако мами воздишки со изгледот, неговата професионална кариера е полна со контро...
Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Св...
„Извинете, може ли тато да излезе малку?“ – Слатко видео од синот на Ѓоковиќ кој упадна на прес-конф... Децата на Новак и мајка им Јелена упаднаа на неговата прес-конференција, а тој с...
Најзгодната хрватска навивачка во провокативен аутфит на Светско '26 – ги загреа фановите на натпрев... Ивана Кнол се прослави на минатото Светско во Катар, со провокативни аутфити во ...
Вознемирувачко видео: Лизгачка беше пресечена со сечилото од лизгалка на лице на ЗОИ - Се огласи од ... На Зимските Олипмписки Игри се случи уште еден драматичен инцидент во четвртфина...
Историски успех за Македонија: Нашата тенисерка Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот ту...

Најчитани неделава