Неш ја донесе светската титула во САД со победата во Сент Пол

Светското првенство во Ice Cross Downhill имаше драматична завршница во Сент Пол, каде што локалниот херој Камерон Неш му ја „украде“ титулата на Канаѓанецот Скот Кроксал, во борба која ги истенчи нервите и беше одлучена во финишот на последната трка од исцрпувачката сезона со 10 настани.

nesh-ja-donese-svetskata-titula-vo-sad-so-pobedata-vo-sent-pol-01.jpg

СЕНТ ПОЛ, Минесота (САД) – Камерон Неш стана првиот Американецот што го освоил светското првенство Red Bull Crashed Ice, откако сезоната во екстремен спуст на лизгалки заврши со возбудлива победа освоена под притисок и во директна борба со најголемиот ривал, пред десетици илјади домашни гледачи. Канаѓанецот Скот Кроксал заврши на второто место во генералниот пласман, откако Неш ја забележа третата победа сезонава, што ја прави оваа година најбрилијантна во неговата кариера, а истовремено една од најуспешните во 16-годишната историја на најбрзиот спорт на лизгалки.

Кроксал ги игнорираше навивачките извици „САД, САД, САД“ од огромната публика пред финалната трка, откако тој и Неш се најдоа меѓу последните четиримина по претходните елиминациски рунди. Тој му парираше на Неш до последните сантиметри, а малата разлика го спречи да стане првиот спортист кој успеал да освои две титули во низа. Вонсериската вечер пред катедралата на Свети Павле донесе умерено блага температура и наелектризирана публика, која беше сведок на најдобриот пласман во кариерата на лизгачот кој дефинитивно е идна ѕвезда во овој спорт, Французинот Тристан Дужерди, токму на највозбудливата патека исполнета со стапици како возење по работ на ѕидот, но и искачувањето на пет метри високата точка, додека за најдобро американско шоу во историјата на трките се погрижи Максвел Дун кој беше четврти.

- Чувството чудесно, напред Минесота! Ова беше луда сезона, борбата не можеше да трае подолго од ова. Не знам како успеав, знам дека Скот беше веднаш зад мене, па буквално не ги притиснав сопирачките и едноставно стигнав до целта,- изјави Неш кој израсна на педесетина километри од Сент Пол и ја уживаше поддршката на домашната публика во трката што петта година по ред се одржува во градот кој прерасна во светски центар за Ice Cross Downhill.

nesh-ja-donese-svetskata-titula-vo-sad-so-pobedata-vo-sent-pol-02.jpg

Неш заостануваше зад Кроксал 65 бода во генералниот пласман, влегувајќи во финалето со резултат во корист на Канаѓанецот кој имаше подобри пласмани од него во 6 од претходните 9 трки, вклучувајќи ги оние од Купот на возачите.Сепак, Американецот ја покажа својата класа во елиминациските рунди кога од 64 најдобри лизгачи кои стартуваа бројот се намали на 32, па на 16, по што следуваа двете полуфинални трки на 360 метри долгата патека. Неговите „ракетни“ поаѓања од стартните рампи му даваа комфорна предност се до моментот кога Кроксал го следеше во текот на целата патека. Неш успеа да се избори за победа со предност од „нокт“ и заврши прв во трката, што го искачи на 3.385 бодови во генералниот пласман и му ја донесе титулата пред ривалот од Канада кој со бодовите за второто место стигна до вкупно 3.150 поени. Ова беше најдолга сезона во историјата на спортот со 10 трки во шест земји, од кои шест беа во Купот на возачите.

Неш освои три победи во четирите трки на Red Bull Crashed Ice, откако во 2012 година за прв пат се приклучи во овој спорт како локален студент кој му се придружи на тимот „Живеење на сонот“ во кој беа браќата Скот и Кајл Кроксал, при што победија во екипна конкуренција.

Канаѓанката Жаклин Лежере ја освои титулата во женска конкуренција со победа во финалето, додека сонародничката Мирјам Трепение е втора во генералниот пласман, додека Алексис Џексон која беше втора на трката во Сент Пол, се проби до третата позиција во генералниот поредок. Илејн Тополински од Канада заврши на четвртото место во конечниот пласман, додека во Сент Пол на подиумот како третопласирана се појави Тамара Каџа.

nesh-ja-donese-svetskata-titula-vo-sad-so-pobedata-vo-sent-pol-03.jpg

Резултати (мажи): 1. Камерон Неш (САД), 2. Скот Кроксал (Канада), 3. Тристан Дужерди (Франција), 4. Максвел Дун (САД), 5. Лука Далаго (Австрија), 6. Кајл Кроксал (Канада), 7. Ден Вити (САД), 8. Дерек Веџ (Швајцарија), 9. Килијан Браун (Швајцарија), 10. Гиом Буве Морисет (Канада).

Табела (мажи): 1. Камерон Неш (САД) 3.385 поени, 2. Скот Кроксал (Канада) 3.150 поени, 3. Дин Мориарити (Канада) 2.300 поени, 4. Тристан Дужерди (Франција) 1.960 поени, 5. Лука Далаго (Австрија) 1.617 поени, 6. Паком Шмит (Франција) 1.445 поени, 7. Максвел Дун (САД) 1.337 поени, 8. Килијан Браун (Швајцарија) 1.320 поени, 9. Кајл Кроксал (Канада) 1.220 поени, 10. Џон Фишер (Канада) 1.082 поени.

Резултати (жени): 1. Жаклине Лежере (Канада), 2. Алексис Џексон (САД), 3. Тамара Каџа, 4. Мирјам Трепение (Канада), 5. Михаела Микелсон (САД), 6. Сидни О`Кифи (САД), 7. Сејди Лундквист (САД), 8. Анаис Моран (Швајцарија), 9. Макси Плант (Канада), 10. Ема Критер (САД).

Табела (жени): 1. Жаклине Лежере (Канада) 2.800 поени, 2. Мирјам Трепение (Канада) 2.300 поени, 3. Алексис Џексон (САД) 2.300 поени, 4. Илејн Тополински (Канада) 1.700 поени, 5. Сидни О`Кифи (САД) 1.500 поени, 6. Макси Плант (Канада) 1.450 поени, 7. Тамара Каџа (САД) 1.250 поени, 8. Аманда Транзо (САД) 1.080 поени, 9. Михаела Микелсон (САД) 1.060 поени, 10. Анаис Моран (Швајцарија) 800 поени.

ГЛЕДАЈТЕ ПОВТОРНО: Трката од Red Bull Crashed Ice е достапна на барање преку www.redbullcrashedice.com како и на Red Bull TV. Red Bull TV е достапен на поврзаните телевизори, играчките конзоли, мобилни и други уреди. За комплетна листа на поддржани уреди ве молиме посетете ја страницата about.redbull.tv

Би можело да ве интересира:

Родена е без три прста на едната рака, освои олимписко сребро - Како Флоренс Брунел стана херој на И... „Секогаш ја кријам левата рака. А не треба“ - вели 22-годишната канадска лизгачк...
Лина Ѓорческа испиша историја во македонскиот тенис, но загуби во првото коло на Вимблдон Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска го играше најважниот натпревар...
Лани доби внука, можат да го видат само 20-тина луѓе: Во каква состојба е Михаел Шумахер 12 години п... 12 години по трагичната несреќа, сопругата на Михаел Шумахер е посветена на тоа ...
Моментот кога Пике беше „осуден“ да го гледа настапот на бившата Шакира на Светско 2026 со синовите ... Пике беше најомразен кога се дозна дека ја изневерил Шакира и ја остави за друга...
Злато и бронза за Мојсовска и Јовановска од „Макпетрол“ на Универзијадата во Полска Ангела Мојсовска освои злато, а Викторија Јовановска бронза на Европската Универ...
„Извинете, може ли тато да излезе малку?“ – Слатко видео од синот на Ѓоковиќ кој упадна на прес-конф... Децата на Новак и мајка им Јелена упаднаа на неговата прес-конференција, а тој с...

Најчитани неделава