Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Еднакви можности за сите - Денови за подигнување на свеста за потребите на инвалидизираните лица

Фудбалската федерација на Македонија започна со активностите во рамки на деновите за подигнување на свеста за потребите на инвалидизираните лица. На настанот кој се организира во „Куќата на фудбалот“ учествуваат претставници од сите клубови од Прва лига, претставници од МОБИЛНОСТ - Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет на Република Македонија и претставници на МОК - Македонски Oлимписки Комитет.

ednakvi-moznosti-za-site-denovi-za-podignuvanje-na-svesta-za-potrebite-na-invalidiziranite-lica-01.jpg

На воведниот дел од настанот учесниците на работилницата ги поздравија претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски и генералниот секретар Филип Поповски.

„Ве поздравувам од името на Фудбалската федерација на Македонија, наше задоволството е да се дружиме со поранешни големи спортисти, со нашите пријатели од Мобилност и нашите драги колеги од Македонскиот Олимписки Комитет. Оваа соработка отвора нова врата на меѓуинституционална, но и човечка соработка помеѓу нас и заедницата на луѓе со инвалидност во нашата земја. Стануваме свесни за нивните потреби, но и за нашите можности да одговориме на истите“ - истакна Илчо Ѓорѓиоски, претседател на ФФМ.

Генералниот секретар на федерацијата, Филип Поповски изјави дека ФФМ ќе даде секаква поддршка за создавање еднакви можности за сите во фудбалската игра.

„Фудбалската Федерација на Македонија ќе даде секаква поддршка за креирање на еднакви можности за сите во фудбалскиот свет, без разлика на полот, религијата, националната припадност или физичките способности. Во рамки на своите можности ќе се обидеме да го имплементираме вклучувањето на лицата со телесен инвалидитет на спортските терени во Македонија на повеќе нивоа, почнувајќи со подобрување на инфраструктурата на стадионите, едукација и активности во рамките на федерацијата и на сите клубови. Мисија на ФФМ е да привлече, чува и негува различности за одржување на фудбалската игра и радоста која ја носи овој спорт, на што еднакво право имаат сите“ дополни генералниот секретар на ФФМ, Поповски.

Свое предавање во рамки на работилницата имаат Ирена Бакревска – Милошевска од Фудбалската Федерација на Македонија, а предавање на тема: Моќта на немоќните имаше Бранимир Јовановски, претседател на Мобилност.

ednakvi-moznosti-za-site-denovi-za-podignuvanje-na-svesta-za-potrebite-na-invalidiziranite-lica-03.jpg

„Спортската активност го ангажира лицето со инвалидност целосно и ја менува неговата емоционална состојба, заборава на својата инвалидност, се појавува самостојност, самодоверба и истрајност. Желбата за победа во спортот развива колективност и другарство. Во исто време спортистот се навикнува на пораз и неуспех. Тоа е многу важно во процесот на рехабилитација која многу често е врзана со големи психички напори кои лицето со инвалидност не може брзо и оддеднаш да ги совлада. Преку спортот стекнуваме доверба во своите можности“ изјави Бранимир Јовановски во својата презентација.

Претседателот на Мобилност ја поздрави намерата и поддршката од ФФМ во рамки на своите можности да се обиде да ги вклучи лицата со телесен инвалидитет на спортските терени во Македонија.

„Голема благодарност до Фудбалската Федерација на Македонија за поддршката која ни ја давате, во духот на спортот и различностите ве поздравувам од името на Мобилност - Македонија, Национален сојуз кој брои повеќе од 200 лица со телесен инвалидитет. Ви благодарам што заеднички се трудиме да ја срушиме парадигмата дека овие лица се болни и што ни овозможувате да се чувствуваме еднакво со сите. Оваа соработка ја поставивме на цврста основа и искрено се надевам дека ќе имаме поддршка и од другите институции и спортски федерации“ истакна Јовановски. 

ednakvi-moznosti-za-site-denovi-za-podignuvanje-na-svesta-za-potrebite-na-invalidiziranite-lica-02.jpg

По завршувањето на работилницата беше одигран фудбалски натпревар помеѓу тимот на МОБИЛНОСТ и тимот на МОК, составен од поранешни македонски олимпијци.

МОК: Раиф Камбери (голман), Елмедин Сејфулау, Стефан Јанкуловски, Игор Паскоски, Мартин Нестороски, Берат Јакупи, Иво Цветковски, Лука Гаревски, Седат Бафтију, Стојна Вангеловска, Љупчо Ангеловски, Методија Ангеловски, Горан Милковски. Тренер: Владимир Богоевски.

МОБИЛНОСТ: Николчо Пеев (голман), Александар Талевски, Ефтимчо Атанасовски, Ѓоко Стојановски, Митко Сотировски, Бобан Јорданоски, Горан Трајчев, Зоран Трајановски, Тони Шишевски, Николчо Делев; 

Натпреварот заврши без победник, нерешено, 5-5.

Деновите од 2 до 10 април се означени како „Денови за подигнување на свеста за потребите на инвалидизираните лица“, а ФФМ ќе ги одбележи овие денови под мотото: ФУДБАЛ ЗА СИТЕ - ПРИСТАП ЗА СЕКОГО.

Би можело да ве интересира:

Невозможен скок на Том Круз, перформанс во чест на Грција – Како изгледаше затворањето на Олимпијада... „Застрашувачки“, „Сатанистички“... Ова се некои од оценките што твитерџиите ги д...
„Тато ти си најдобар“ - Ѓоковиќ во солзи ги прегрнува Јелена и децата, по освоеното злато „Ги дадов срцето, душата, телото и сѐ што имав за да освојам олимписко злато и н...
Јана Атанасовска испишува историја како прва Македонка во алпско скијање на Светски скијачки куп 18-годишната Јана ќе ја претставува Македонија на ФИС Светскиот скијачки куп во ...
Благодарност до македонската ракометна јавност Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои без...
Гласини за неверство, единствен во историјата на НБА со 50.000 поени - Интересни факти за Леброн Џеј... Неговиот прекар е „кралот Џејмс“, а причината е неверојатната професионална кари...
Бронза за Стојановиќ од „Макпетрол“ на Светскиот младински карате-шампионат Стефан Стојановиќ, член на карате клубот „Макпетрол“, се закити со бронзен медал...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg