Силченко и Ричард ги прекинаа победничките серии на фаворитите

Рускиот шампион победи на натпреварот во машка, а Канаѓанката Ричард во женска конкуренција ја забележа првата победа во светската серија за скокови од карпи Red Bull Cliff Diving.

silcenko-i-ricard-gi-prekinaa-pobednickite-serii-na-favoritite-1.jpg

Победничките серии на Гери хант и Ријана Ајфлен дојдоа до својот крај, откако драматичното неделно попладне во италијанското гратче Полињано а Маре кулминираше со конечна победа на Артем Силченко и Лизен Ричард, кои прославуваа од врвот на пиедесталот пред околу 70 илјади луѓе во публиката. Ова е прва победа на Силченко по 2014 година, која се должи на феноменалниот скок во последната серија, додека Ричард која е мајка на три деца, имаше три извонредни скокови од платформата поставена на 21,5 метри висина. Стивен Лобуе и Џонатан Паредес завршија како втор и трет во машкото натпреварување од 27 метри, додека Ајфленд и Симпсон го комплетираа подиумот кај девојките. Гери Хант се обидуваше да стигне до својата четврта победа во Италија, но не успеа да влезе во финалето, што се случува само трет пат во неговата кариера.

Британецот заврши на десеттото место, додека Русинот потсети на своите најдобри денови кога ја освои титулата во 2013 година, а од неговата последна победа поминаа 23 месеци. Стивен Лобуе исто така бележи долго отсуство од подиумот, но во неговиот случај тоа е нешто покусо, поточно од првата победа во кариерата остварена во Билбао минатата есен. Мексиканецот Паредес влезе во финалето како водечки, а со четвртиот финиш на подиумот во пет натпреварувања се зацврсти на второто место во генералниот пласман за продолжението на сезоната.

silcenko-i-ricard-gi-prekinaa-pobednickite-serii-na-favoritite-2.jpg

Со победата во домот на европското скокање од карпи, 32-годишниот Силченко го намали сопственото заостанување и се искачи на петтата позиција во генералниот пласман, каде што е изедначен со Чехот Михал Навратил, кој беше отсутен од Италија поради тоа што закрепнува од операцијата на коленото и ќе се врати на следното натпреварување во Велс.

Кај девојките Канаѓанката Лизен Ричард ја освои првата победа и тоа токму на локацијата што ја смета за омилена во скоковите од карпи. Претходно во текот на годината таа го освои и пехарот на светската пливачка федерација ФИНА, но 34-годишната успеа да доминира во овој настан и засега е единствената која успеала да ја запре „залетаната дебитантка“ од Австралија, Ријана Ајфленд. Ако на првите две натпреварувања таа освои изненадувачки победи, во Италија беше втора, но сепак пред двократната шампионка на Red Bull Cliff Diving, Рејчел Симпсон. За Амриканката ова е прв подиум по пауза од цела сезона, бидејќи токму тука беше крунисана минатата сезона како освојувач на шампионската титула.

silcenko-i-ricard-gi-prekinaa-pobednickite-serii-na-favoritite-3.jpg

По три од вкупно седум натпреварувања предвидени во женска конкуренција, Ајфленд се уште води во генералниот пласман, следена од новата победничка Ричард и уште една Австралијанка, Хелена Мертен.

За две седмици скокачите ќе бидат во Велс, при што девојките на 11 септември за прв пат ќе се натпреваруваат во Сината лагуна во Пемброкшир, додека за Британецот Гери Хант ова ќе биде доаѓање на домашен терен и нова можност да возврати.

ИЗЈАВИ ОД ПОБЕДНИЦИТЕ

Артем Силченко, Русија

Навистина сум среќен бидејќи долго време не сум бил на подиумот. Дури престанав и да зборувам за победи. Денеска имав добри скокови и мојот последен скок со стар на раце почна повторно да проработува и со него успеав да дојдам до првото место.

Лизен Ричард, Канада

Ова е прекрасно место за скокови, всушност мене ми е омилено. Навистина е величенствено, публиката е неверојатна, луѓето се супер фини, навистина ја чувствуваме целата заедница дека е заедно со нас. Се беше перфектно, видливоста, водата, одлични услови за одлични скокови!

Резултати (мажи): 1. Артем Силченско (Русија) 487,35 поени, 2. Стивен Лобуе (САД) 480,90 поени, 3. Џонатан Паредес (Мексико) 474,95 поени, 4. Алесандро де Росе (Италија) 472,35 поени, 5. Орландо Дуке (Колумбија) 466, 40 поени, 6. Енди Џонс (САД) 448,70 поени

Резултати (жени): 1. Лизен Ричард (Канада) 244,20 поени, 2. Ријана Ајфленд (Австралија) 239,80 поени, 3. Рејчел Симпсон (САД), 215,50 поени, 4. Адријана Хименез (Мексико) 214,80 поени, 5. Џинџер Хубер (САД) 214,40 поени, 6. Хелена Мертен (Австралија) 205,35 поени

Табела (мажи): 1. Гери Хант (Велика Британија) 740 бода, 2. Џонатан Паредес (Мексико) 660 бода, 3. Енди Џонс (САД) 460 бода, 4. Орландо Дуке (Колумбија) 450 бода, 5. Артем Силченко (Русија) 360 бода, 5. Михал Навратил (Чешка) 360 бода, 7. Стивен Лобуе (САД) 350 бода

Табела (жени): 1. Ријана Ајфленд (Австралија) 560 бода, 2. Лизен Ричард (Канада) 450 бода, 3. Хелена Мертен (Австралија) 310 бода, 4. Сесил Карлтон (САД) 290 бода, 5. Џинџер Хубер (САД) 280 бода, 6. Адријана Хименез (Мексико) 270 бода, 7. Рејчел Симпсон (САД) 260 бода.

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg