„Хет-трик“ победа на Мартин Шонка во Австрија

Бројната чешка публика со воодушевување навиваше меѓу 40 илјади гледачи на првата трка од Red Bull Air Race во Виенер Нојштад, Австрија. Нивниот херој Мартин Шонка победи во трката - негов трет триумф по ред - и со тоа се искачи на врвот од поредокот во светскиот шампионат. Актуелниот светски шампион, Јошихиде Муроја од Јапонија беше само 0,036 секунди зад него, на второт место, додека Мат Хол од Австралија го освои трофејот за третото место на својот роденден.

het-trik-pobeda-na-martin-shonka-vo-avstrija-01.jpg

Виенер Нојштад (Австрија) - Трката во лулката на европската авијација каде што пилотите поаѓаа од стоечки старт, започна со впечатливо отворање на рундата од 14 пилоти, кога Американецот Мајкл Гулијан, кој дојде во Австрија на врвот од табелата на светскиот шампионат, заработи казна од две секунди и ја загуби предноста. Со тоа се отвори можноста за пилотите кои беа изедначени на втората позиција од табелата, Шонка и Хол. Тие двајца многу добро ја искористија оваа можност со одличен настап во втората рунда на најдобри 8 пилоти, а потоа и во третата за финалната четворка, каде што Муроја за малку ќе им ги расипеше плановите со време од 59,324. Но Шонка, кој извојува победи на претходните две трки во Будимпешта и Казан, остана прибран и се вивна низ стартот со лет кој им го одзеде здивот на сите и помина низ финишот со време од 59,288. Младиот Французин Мика Бражо имаше задоцнување од 0.800 секунди, па остави место за Хол, чие време од 59,371 беше доволно добро за подиумот.

- Не можам да опишам какво е чувството да се победи во три трки по ред, немам зборови,- рече Шонка, кој имаше тежок почеток на годината со две дисквалификации. - Секако, многу е рано да се каже што точно значи ова, но заради сите предизвици со кои се соочивме, ова е неверојатна сезона за нас. Ова не е крајот, има уште 30 поени за освојување. Значи, ни престои напорна работа, две големи битки до крајот на шампионатот. Но, би сакал да продолжиме на овој начин до крајот на сезоната.

het-trik-pobeda-na-martin-shonka-vo-avstrija-02.jpg

Со уште само две трки на американско тло до крајот на сезоната, Шонка води на табелата со 64 поени, Хол има 58, а Гулијан 55. Во меѓувреме, Муроја и Бражо исто така се во игра за подиумот во генералниот пласман, со еднакви поени, бидејќи секој има по 34 бода. Следната станица е автодромот во Индијанаполис, каде што Шонка ја изгуби титулата од Муроја во последната трка од сезоната 2017. Но, дали годинава некој ќе успее да ја наруши победничката низа на Чехот?

- Мартин дефинитивно може да биде победен,- изјави Хол, кој и самиот има две победи на трките во 2018. - Тој лета многу чисто, неговиот авион е очигледно многу брз, но ние го имавме најбрзото време на денот во рундата на 8 пилоти (58,394) и јас летав пак по истата линија, но моторот ми беше многу загреан, па изгуби малку сила. Среќни сме што го правиме вистинското нешто за да можеме да победуваме на трки, па ќе тргнеме од таа точка.

het-trik-pobeda-na-martin-shonka-vo-avstrija-03.jpg

Не пропуштајте ги следните трки, во Индијанаполс на 6-7 октомври и во Форт Ворт на 17-18 ноември. За повеќе информации и најнови вести посетете ја веб-страницата www.redbullairrace.com.

Резултати (мастер класа):

1. Мартин Шонка (Чешка), 2. Јошихиде Муроја (Јапонија), 3. Мат Хол (Австралија), 4. Мија Бражо (Франција), 5. Петр Копфстајн (Чешка), 6. Николас Иваноф (Франција), 7. Пит Меклеод (Канада), 8. Кирби Чемблис (САД), 9. Матијас Долдерер (Германија), 10. Франсоа Ле Вот (Франција), 11. Хуан Веларде (Шпанија), 12. Мајкл Гулијан (САД), 13. Бен Марфи (Велика Британија), 14. Кристијан Болтон (Чиле).

Табела (по шест трки):

1. Мартин Шонка (Чешка) 64 поени, 2. Мат Хол (Австралија) 58 поени, 3. Мајкл Гулијан (САД) 55 поени, 4. Јошихиде Муроја (Јапонија) 34 поени, 5. Мика Бражо (Франција) 34 поени, 6. Кирби Чемблис (САД) 22 поени, 7. Франсоа Ле Вот (Франција) 21 поен, 8. Матијас Долдерер (Германија) 17 поени, 9. Хуан Веларде ( Шпанија) 16 поени, 10. Петр Копфстајн (Чешка) 16 поени.

het-trik-pobeda-na-martin-shonka-vo-avstrija-04.jpg

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg