Американците Неш и Транзо крунисани во финалето на сезоната

Камерон Неш успеа да ја врати светската шампионска титула во свој посед и тоа на блескав начин и во голем стил, испорачувајчи уште една доминација на патека во Ла Сар, Канада. На природно замрзнатата делница од 425 метри и Аманда Транзо успеа да стигне до првиот шампионски наслов, иако за прв пат оваа сезона не успеа да триумфира во женската трка.

amerikancite-nesh-tranzo-krunisani-vo-finaleto-na-sezonata-01.jpg

- Напорната работа секогаш се исплаќа. Ова беше тешка година, но со пет победи во низа успехот е навистина огромен. Сакам да се вратам и следната година да го направам истото. Сакам да бидам амбасадор на овој спорт, а најдобар начин што знам како да го направам тоа е да бидам во водство.

Американецот во финалната трка на екстремниот спуст на лизгалки беше пред Мирко Лахти од Финска, додека на третото место се најде Мајкл Јулинело, исто така од САД. Канаѓанецот Кајл Кроксал го започна натпреварот како единствен лизгач кој можеше да го спречи Неш да стигне до титулата, но неговите надежи исчезнаа кога тој не успеа да влезе меѓу последните 8 во четвртфиналните трки.

amerikancite-nesh-tranzo-krunisani-vo-finaleto-na-sezonata-03.jpg

Во женска конкуренција славеше Анис Моран од Швајцарија, во мошне изедначена трка каде што второпласирана беше Канаѓанката Жаклин Лежер. Аманда Транзо пристигна во Ла Сар настојувајќи да стигне до шестата победа во низа, но не успеа да направи вистинска чистка бидејќи падна пред целната линија во финалето. И покрај таквата агонија, таа со комфорна бодовна предност ја освои својата втора шампионска титула.

amerikancite-nesh-tranzo-krunisani-vo-finaleto-na-sezonata-04.jpg

- Се трудев и работев напорно оваа сезона, па навистина сум среќна со резултатите,- рече славеничката Транзо.

amerikancite-nesh-tranzo-krunisani-vo-finaleto-na-sezonata-02.jpg

Резултати (мажи): 1. Камерон Неш (САД), 2. Мирко Лахти (Финска), 3. Мајкл Јулијанело (САД), 4. Лука Далаго (Австрија), 5. Скот Кроксал (Канада), 6. Стивен Кокс (Канада), 7. Максвел Дан (САД), 8. Дерек Кокомиљо (Канада), 9. Кајл Кроксал (Канада), 10. Џим де Паоли (Швајцарија).

Резултати (жени): 1. Анис Моран (Швајцарија), 2. Жаклин Лежер (Канада), 3. Аманда Транзо (САД), 4. Полин Шапи (Швајцарија), 5. Миријам Трепание (Канада), 6. Тамара Каџа (Канада), 7. Џастин Зоне (Летонија), 8. Амадин Кондроје (Франција), 9. Тамара Мојвисен (САД), 10. Вирџиние Уеле (Канада).

Табела (мажи): 1. Неш 3.250 поени, 2. К. Кроксал 2.800 поени, 3. Лахти 2.525 поени, 4. Л. Далаго 2.500 поени, 5. С. Кроксал 2.475 поени, 6. Дан 1.987 поени 7. М. Далаго 1.900 поени, 8. Јулијанело 1. 595 поени, 9. Рено 1.475 поени, 10. Толванен 1.402 поени.

Табела (жени): 1. Транзо 3.150 поени, 2. Лежер 2.800 поени, 3. Моран 2.725 поени, 4. Трепание 2.700 поени, 5. Каџа 2.200 поени, 6. Мојвисен 1.650 поени, 7. Кондроје 1.562 поени, 8. Јамамото 1.475 поени, 9. Синовец 1.407 поени, 10. Макси Планте 1.100 поени.

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Браво! Бодибилдерката Мери Акиевска трета година по ред ѝ донесе злато на Македонија (видео) „По третпат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула“ – порача на И...
Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg