Училиштето на Џиана го „пензионираше“ нејзиниот дрес со церемонија во нејзина чест (фото)

Вдовицата на Коби Брајант, Ванеса, во средата сподели фотографија и видеа од церемонијата за „пензионирање“ на дресот на малата Џиана.

uchilishteto-na-giana-go-penzionira-nejziniot-dres-so-ceremonija-vo-nejzina-chest-01.jpg

Церемонијата се одвиваше во училиштето на девојчето, а на фотографијата се гледа нејзин голем портрет, поставен до маса со црвени и розови ружи со кои е испишано нејзиното име.

На масата е испишан и бројот 2 – бројот што го носеше Џиана на дресот во Mamba Sports Academy.

„Моја Џиана. Боже, колку ми недостасуваш. Бев толку среќна 13 години да се будам и да ги гледам твоето прекрасно лице и твојата неверојатна насмевка. Посакувам да беше така до мојот последен здив. Мама те сака до месечината и назад“, стои во описот на Ванеса.

Во видеата на 37-годишната мајка се гледаат и соучениците на Џиана кои пеат во нејзина чест, а професорите споделуваат сеќавања.

„Џиана беше воин кој даваше 110 проценти секојпат кога излегуваше на терен“, изјави нејзиниот кошаркарски тренер.

„Во моите 20 години тренирање кошаркари, Џиџи беше еден од најжестоките натпреварувачи што сум ги видел“, продолжи тој.

Коби и Џиана беа помеѓу 9-те луѓе кои загинаа во хеликоптерската несреќа во Калифорнија на 26-ти јануари. Исто како татко ѝ, и Џиана беше кошаркар и голем фан на спортот.

Од НБА, пак, најавија дека тимот Леброн ќе го носи дресот со број 2 на Џиана, а тимот Џианис ќе го носи бројот на Коби – 24, на натпреварот All-Stars Game.

Леброн Џејмс изјави дека го одбрал бројот 2 бидејќи Џиана многу го потсетувала на неговата ќерка Жури.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Носи јакна со глина од тениските терени, танцува со ќерката - Ноле е повторно главен „фраер“ на Rola... Ноле, кој е познат по строгата дисциплина и посветеноста на работата, освен што ...
Никола Јокиќ изненаден - НБА ѕвезда носи јакна со вез како Св. Ѓорѓи ја убива ламјата, чини 20.000 д... Еден од највпечатливите моменти од кошаркарскиот All Star викенд, беше влегување...
Сопругата на Диого Жота, кој почина 2 недели по свадбата, се појави во бело на „Златна топка“ – храб... Таа на црвениот тепих зачекори во долга тоалета во бела боја, елегантна, каква ш...
Ѝ го посвети првиот гол на Светско, таа јавно му изјави љубов - Која е девојката на Ламин Јамал, со ... „Го познавам Ламин многу подолго од овие неколку месеци. Не се баш три години, н...
Историја за македонскиот фудбал - F7 репрезентацијата ќе учествува на престижен турнир во Италија, Г... На официјална покана од претседателот на FIF7 Европа, Calcio 7 и Calcio 8 Italia...
Илина Соколовска првпат ја носи Македонија на Светско првенство по ритмичка гимнастика Илина Соколовска, успеа да ги освои потребните бодови и ја носи Македонија на Св...

Најчитани неделава