„Сакам да можев да ги прегрнам и бакнам“ – Ванеса Брајант со срцепарателна објава за Коби и Џиана

По смртта на нејзиниот сопруг и нејзината ќерка, Ванеса Брајант ја промени профилната фотографија на Instagram.

sakam-da-mozhev-da-gi-pregrnam-i-baknam-vanesa-brajant-so-emotivna-objava-vo-chest-na-kobi-i-gianna-01.jpg

Сопругата на кошаркарот стави фотографија од Коби и нивната 13-годишната ќерка, кои загинаа во хеликоптерска несреќа во неделата.

Фотографијата е направена во 2016-та во Торонто, за време на натпреварот NBA All-Star Game, а таткото и ќерката се прегрнати и со насмевка гледаат еден во друг.

sakam-da-mozhev-da-gi-pregrnam-i-baknam-vanesa-brajant-so-srceparatelna-objava-vo-chest-na-kobi-i-gianna-02.jpg

По несреќата, во која покрај Коби и Џиана загинаа уште седуммина, Ванеса го направи нејзиниот профил приватен. Но, во средата, после промената на фотографијата, профилот на Ванеса беше достапен за јавноста.

Ванеса сподели и фотографија од семејството со срцепарателен опис:

„Моите девојки и јас сакаме да им се заблагодариме на милионите луѓе кои ни дадоа поддршка и љубов во овие тешки времиња. Ви благодариме на сите за молитвите. Дефинитивно ни се потребни.

Целосно сме уништени од ненадејната загуба на мојот прекрасен сопруг, Коби - прекрасниот татко на нашите деца; и мојата убава слатка Џиана - прекрасна ќерка и неверојатна сестра на Наталија, Бјанка и Капри. Жалиме и за семејствата кои ги изгубија нивните сакани во неделата и ја чувствуваме нивната тага.

Не постојат зборови што ќе ја опишат нашата болка. Се тешам со помислата дека Коби и Џиџи знаеја дека се многу сакани. Бевме многу благословени што ги имавме во нашите животи. Посакувам да беа овде со нас засекогаш. Тие беа нашиот убав благослов што ни беше одземен прерано.

Не знам што нè очекува после денес и невозможно е да се замисли животот без нив. Но, се будиме секој ден, обидувајќи се да продолжиме понатаму, бидејќи Коби и нашето девојче Џиџи ни го осветлуваат патот. Нашата љубов за нив е бескрајна.

Само сакам да можев да ги прегрнам, да ги бакнам и да ги благословам. Да ги имаме овде со нас, засекогаш.“

Ванеса додаде и дека би сакала другите да ја почитуваат нивната приватност во овие тешки моменти.

Истовремено, со фондацијата Mamba Sports почнале да собираат донации за поддршка на останатите семејства што ја претрпеа трагедијата.

„Ви благодарам што ни помогнавте со вашите молитви и што ги сакате Коби, Џиџи, Наталија, Бјанка и мене“, завршува нејзината објава.

Ванеса и Коби се запознаа во 1999-та, кога таа имаше 17, а кошаркарот 20 години. Се венчаа во 2001-ва и заедно добија четири ќерки – Наталија, Џиана, Бјанка и Капри.

Во меѓувреме, голем број познати покажаа сочувство и му оддадоа почит на загинатите преку нивните објави.

?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.buzzfeednews.com%2Farticle%2Ftasneemnashrulla%2Fvanessa-bryant-photo-kobe-gianna-instagram

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Продавала овошје на тезга, па се омажи во едно од најбогатите семејства: Најубавата руска манекенка ... Наталија Водјанова на 44-годишна возраст чека уште едно дете со сопругот милијар...
Родителите на Коби Брајант не ја сакале, тој ја изневерувал: Тажниот живот на Ванеса Брајант Доби тужба од мајка ѝ, сакаше да се разведе од Коби поради наводните неверства, ...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Ретки фотки од Хари и Меган на летен одмор – тој ја фрла ќерката во базен, таа во монокини се сонча Ретко имаме можност да ги видиме во вакво издание – Хари се бања со децата и ја ...
„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...

Најчитани неделава