Македонецот Христо Ковачи ќе се натпреварува на Central European Zone Rotax Challenge во Австрија

Можеби со задоцнување, но тркачката сезоната на Христо Ковачи како „Ковачи рејсинг тим“ започна со првата картинг трка за „Central European Zone Rotax Challenge“ во Австрија.

makedonecot-hristo-kovachi-kje-se-natprevaruva-na-central-european-zone-rotax-challenge-vo-avstrija-01.jpg

На натпреварот има пријавени 30 учесници во неговата класа што претставува нов и сериозен предизвик.

-Имав успешна година зад себе, иако е пандемија, сепак мене ми е вистински предизвик да се натпреварувам. Време е да се вратиме на патеките и да си ги одмериме силите, вели младиот Христо.

 „Ковачи рејсинг тим“ ја заврши  успешно 2019 година со најмладиот натпреварувач од Македонија во картинг, Христо, кој е вицешампион во земјава и трето место на генералниот пласман при Бугарскиот шампионат, како и второ место предфинално на балканскиот куп во Бугарија. 

makedonecot-hristo-kovachi-kje-se-natprevaruva-na-central-european-zone-rotax-challenge-vo-avstrija-02.jpg

-Самиот обем на учесници и борбата во еден шампионат на ниво на Централна Европска Зона во која земаат учество 16 земји кажува многу. Патеката за жал поради далечината немаше шанса да ја тренира и ќе има само еден ден тренинг пред самите квалификации, а веќе наредниот ден се трите трки на кои ќе учествува. Христо ќе даде се од себе да напредува и да постигне што подобар резултат. јас сум среќен што и самото учество на овој шампионат ќе ги подобри неговите возачки способности, истакнува Аргир Ковачи, таткото на Христо

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Македонци истрчаа 400km од Љубљана до Задар во тимска трка: „Завршивме за 33 часа, најтешко е ноќе к... „Системот беше „штафетен“ - додека дел од екипата трча, другите одмораа во комбе...
Скијачка запросена пред илјадници луѓе на Олимпијада - Освои злато, па доби свршенички прстен Прво запросување на Олимпијадата 2026 - кога освојувачката на златен медал Бризи...
Французинот кој трча и менува јакни е вистински хит на Олимпијадата - Што знаеме за Беноа Ришо? Оваа зимска Олимпијада донесе многу интересни моменти, спортски подвизи кои ќе с...
Нашата скијачка Јана Атанасовска не ја заврши трката во слалом на Олимпијадата 2026 „По идентичното сценарио од велеслаломот пред неколку дена, Јана направи грешка ...
Христијан Бузалковски во Верона доби нов медал за мотоциклизам: „Ова ми е втора бронза во европскиот... „Уште еден историски момент за брзинскиот мотоциклизам во Македонија! Јас ј...

Најчитани неделава