Тројца каратисти од Макпетрол Петар и Симона Заборски и Стефан Стојановиќ меѓу најуспешните спортисти на Скопје за 2021 година

Сојузот на спортови на Скопје и Градот Скопје денеска ги прогласија најуспешните спортисти за 2021 година. Нормално, освојувачот на сребрениот медал во таеквондо на Олимписките игри во Токио, Дејан Георгиевски.

trojca-karatisti-od-makpetrol-petar-i-simona-zaborski-i-stefan-stojanovikj-megju-najuspeshnite-sportisti-na-skopje-za-2021-godina-01.jpg

Покрај Георгиевски признанија кај сениорите во машка и женска конкуренција добија и каратистите на Макпетрол, Петар и Симона Заборски,

Во младинска категорија помеѓу десетте добитници каратистот. Стефан Стојановиќ од Макпетрол беше прворангиран, тој е најдобар млад спортист на градот Скопје

trojca-karatisti-od-makpetrol-petar-i-simona-zaborski-i-stefan-stojanovikj-megju-najuspeshnite-sportisti-na-skopje-za-2021-godina-02.jpg

Каратистот Петар Заборски на Светското првенство во Дубаи, ОАЕ, со тимот во борби го освои седмото место, што е извонреден успех ако се земе во обзир дека имаше 115 држави учеснички.

На Македонија и требаше победа против Узбекистан за да се бори за бронзениот медал на СП, што ќе беше најголем успех во историјата на македонското карате во борби екипно. Нашата репрезентација успеа да ја совлада силната репрезентација на Германија, потоа беше поразена од Србија, а во репасажот извојува победа над Швајцарија и доживеа пораз од Азербејџан, во голема мера потпомогнат од судиите.

Резултати – Светско првенство:

  • Македонија – Германија 3-0
  • Македонија – Србија 1-3

Репасаж

  • Македонија-Швајцарија 3-0
  • Македонија-Азербејџан 0-3

trojca-karatisti-od-makpetrol-petar-i-simona-zaborski-i-stefan-stojanovikj-megju-najuspeshnite-sportisti-na-skopje-za-2021-godina-03.jpg

Петар Заборски имаше забележителен настап и тој успеа во поединечниот дел да извојува три победи а за пласман во четвртфиналето загуби минимално 3-4 од Белгијанецот Квентин Маходен. Така ќе беше многу близу до борбата за медал.

Петар прво славеше против Алекс Мезес од Боливија 1-0, потоа 3-2 над Карлос Баргадос од Шпанија и 1-0 со Енес Гарибовиќ од Хрватска.

На СП настапија 1054 натпреварувачи од 117 држави.

Резултати Светско првенство:

Мажи - 75 кг

  • Петар Заборски – Алекс Мезес (Боливија) 1-0
  • Петар Заборски – Карлос Баргадос (Шпанија) 3-2
  • Петар Заборски – Енес Гарибовиќ (Хрватска) 1-0
  • Петар Заборски – Квентин Маходен (Белгија) 3-4

trojca-karatisti-od-makpetrol-petar-i-simona-zaborski-i-stefan-stojanovikj-megju-najuspeshnite-sportisti-na-skopje-za-2021-godina-04.jpg

Петар Заборски како најдобро рангиран македонски каратист настапи и на квалификациите за Олимписките игри во Токио кои се одржаа во Париз. За жал, не успеа да освои норма за ОИ.

Сепак, овие резултати му овозможија пласман во топ 50 каратистите на Ранг листата на ВКФ, со што му се овозможува настап на Премиер лигите, каде што настапуваат најсилните и може да се каже дека конкуренцијата е посилна и од СП. Петар со клупските другари Петар Спасеновски, Симона Заборска и Ангела Мојсовска ќе ги бранат боите на Македонија на првиот турнир на Карате 1 Премире лигата од 18 до 20 февруари Фуџаријах-Обединетите Арапски Емирати. Ова е големо признание и за Макпетрол и за македонското карате.

trojca-karatisti-od-makpetrol-petar-i-simona-zaborski-i-stefan-stojanovikj-megju-najuspeshnite-sportisti-na-skopje-za-2021-godina-05.jpg

Симона Заборска беше најсупешниот македонски каратист на Европското карате првенство за сениори во Пореч, Хрватска, каде што го освои седмото место.

Заборска беше несреќно поразена на две секунди пред крајот на борбата со Црнгорката Јелена Максимовиќ, со што ја загуби шанасата да се бори за бронзен медал против Сара Кардин од Италија.

Претходно Симона претходно забележа две победи, а загуби во четвртфиналето од Русинката Чернишева.

Симона извојува голема победа против Туба Јакан, светска првенка и прва на Светска ранг листа. Заборска во второ коло славеше против Туба со 4-2, а во првата борба славеше над Гркинката Александра Пападопулос 2-0.

На шампионатот ќе настапија 596 натпреварувачи од 47 држави.

Европско првенство сениори – Резултати:

-55 кг

  • Симона Заборска – Александра Папа (Грција) 1-0
  • Симона Заборска – Туба Јакан (Турција) 4-2
  • Симона Заборска – Ана Чернишева (Русија) 0-8

Репасаж

  • Симона Заборска – Јелена Максимовиќ (Црна Гора) 0-1

trojca-karatisti-od-makpetrol-petar-i-simona-zaborski-i-stefan-stojanovikj-megju-najuspeshnite-sportisti-na-skopje-za-2021-godina-06.jpg

Симона исто као и нејзиниот брат настапи и на Квалификациите за ОИ и на последниот турнир кој беше одржан во Париз за СП во Дубаи.

trojca-karatisti-od-makpetrol-petar-i-simona-zaborski-i-stefan-stojanovikj-megju-najuspeshnite-sportisti-na-skopje-za-2021-godina-07.jpg

Младиот Стефан Стојановиќ стана  за 2021 година

Тој во финалето на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во јуниорска конкуренција во категоријата над 76 килограми славеше против Италијанецот Матео Авназини со 5-4.

trojca-karatisti-od-makpetrol-petar-i-simona-zaborski-i-stefan-stojanovikj-megju-najuspeshnite-sportisti-na-skopje-za-2021-godina-08.jpg

Стојановиќ водеше тешка борба и буквално во последната секунда ја обезбеди титулата при резултат 4-4, а кој го изедначи Италијанецот на две секунди пред крајот. Нашиот каратист брзо реагираше и зададе шампионски удар.

Резултатот тргна со 1-1, 1-2, 2-2, 3-2, 3-3, 4-3, 4-4 и 5-4.

На патот до финалето славеше против Амир Зуауи (Франција) 4-2,  Мартин Елијас (Чешка) 3-2, Артјом Јермолаев (Латвија) и Хуберт Јароцки (Полска) 2-1.

ЕП 2021 Тампере:

+76 кг

  • Стефан Стојановиќ – Амир Зуауи (Франција) 4-2
  • Стефан Стојановиќ – Мартин Елијас (Чешка) 3-2
  • Стефан Стојановиќ – Артјом Јермолаев (Латвија)
  • Стефан Стојановиќ – Хуберт Јароцки (Полска) 2-1

Финале

  • Стефан Стојановиќ – Матео Аванзини (Италија) 5-4

trojca-karatisti-od-makpetrol-petar-i-simona-zaborski-i-stefan-stojanovikj-megju-najuspeshnite-sportisti-na-skopje-za-2021-godina-09.jpg

Стојановиќ (+84 кг, У-21) на Балканското првенство во Риека, Хрватска, го освои сребрениот медал откако во финалето загуби од Ријад Џухо од Босна и Херцеговина 1-3. Претходно Стојановиќ славеше против Фуркан Генц (Турција) 4-2, Антон Баждариќ (Хрватска) 4-3 и Сергиос Каравунис (Грција) 3-1.

trojca-karatisti-od-makpetrol-petar-i-simona-zaborski-i-stefan-stojanovikj-megju-najuspeshnite-sportisti-na-skopje-za-2021-godina-10.jpg

Да потсетиме дека на минагодишниот избор за „Спортист на годината 2020“ Роберто Ацковски од Макпетрол кој освои бронзен медал на ЕП за јуниори  беше избран за најдобар млад спортист на Македонија. Каратистот Петар Спасеновски  стана шампион на ЕП во У-21 во 2019. Глигор Петков се закити со сребрен медал ЕП за јуниори во 2019 година.

Успесите на каратистите на Макпетрол во услови на пандемијата на Ковид-19 добиваат уште повеќе на тежина, а тоа значи дека тренерите неуморно работат на техничко-тактичката подготовка, но и на одржување психо-физичката стабилност. Секако, зад овие успеси стои и компанијата Макпетрол која ги финансира сите подготовки и настапи, како на домашната така и на меѓународната сцена.

Како одраз на постигантите резултати каратистите на Макпетрол заслужено ги добија стипендиите на Агенцијата за млади и спорт, па така Симона Заборска е носител на стипендијата од светски категорија, а Ангела Мојсовска, Петар Заборски и Петар Спасеновски прогласени за спортисти со титула од меѓународна категорија на Македонија.

Би можело да ве интересира:

„Земјата со помалку од 2 милиони жители ја посрамоти Италија дома“ – Како странците ја доживеаја поб... „Кошмар за Италија“, „Италија е засрамена“, „Катастрофа“ – вака италијанските и ...
По скандалот за допинг на Олимписки Игри, 15-годишната Русинка доби дозвола да продолжи да се натпре... Светот со нетрпение го очекува настапот на 15-годишната Камила Валиева, откако С...
Дресот од натпреварот со Македонија, Роналдо го даде на мајка му: „Уште мириса на потта на мојот бор... „Го чувствувам мирисот на мојот борец“ – напиша меѓу другото мајката на Кристија...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg