Семејството Ѓоковиќ: „Новак е конечно слободен, беше на тениски терен – oва е неговата најголема победа“

„Денес победи правото и правдата“ - рече на прес конференцијата таткото на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Срѓан, откако конечно беше соопштено дека на Новак ќе му биде дозволено да го продолжи престојот во Австралија и да игра на Australia Open 2022.

semejstvoto-gjokovikj-novak-e-konechno-sloboden-beshe-na-teniski-teren-ova-e-negovata-najgolema-pobeda-01.jpg

Заврши голготата за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кому федералниот суд во Австралија му дозволи да остане во Австралија и да учествува на Australian Open 2022.

На прес-конференцијата што се одржа во Белград, за медиумите говореа неговите родители Срѓан и Дијана, но и неговиот најмал брат Ѓорѓе.

Семејството Ѓоковиќ искажаа благодарност до правниот систем во Австралија, судијата Кели што изрече пресуда во корист на светски најдобриот тенисер, но и големиот број обожаватели што постојано беа со Новак и му даваа поддршка цело време преку масовни собири и јавно искажување на сопственото мислење.

Како што рекоа целиот судски процес го следеле преку пренос во живо.

„Правдата и вистината излегоа на виделина, ќе се заблагодарам на правниот систем на Австралија, но и на судијата кој неутрално ги согледа сите факти од моментот за аплицирање за виза“ – рече Ѓорѓе.

semejstvoto-gjokovikj-novak-e-konechno-sloboden-beshe-na-teniski-teren-ova-e-negovata-najgolema-pobeda-02.jpg

„Новак е конечно ослободен, тој беше на тениски терен и почна да тренира. Тој дојде во Австралија да се занимава со тенис и дојде со најдобрите можни намери, ја спроведе целата потребна документација и достави документи поради кои му е дозволено да не мора да се вакцинира“ – потенцираше братот на Новак.

Мајка му, Дијана накратко проговори за сопствените трауми и стравови низ кои поминала како мајка и како што рече досега никогаш не се соочиле со ваков проблем, но според неа „ова е најголемата победа на Новак досега“.

Татко му, Срѓан пак, накратко се осврна на настаните што се случувале во изминатите денови и ја појасни ситуацијата:

„Тој беше пречекан на аеродоромот и му беа одземени сите права, што треба да му припаднат како човек. Се обидоа да го натераат да потпише документи дека се откажува од визата за да го депортираат во Србија, а тој не сакаше да потпише. Тој немаше контакт со никого, па дури му беше одземен и телефонот.

Телефонот му го вратија по неколку часа по што Новак стапи во контакт со правниот тим. Сметам дека ова е огромна победа за Новак и за нашето семејство“ – рече Срѓан за одлуката на судот во Австралија.

Тој искажа надеж дека за три недели Новак ќе ја освои сопствената 21-ва титула и ќе славата победа на Australia Open 2022.

Новак не беше дел од прес-конференцијата, но во својата објава на социјалните мрежи искажа благодарност:

„Благодарен сум што судијата даде пресуда да ми се врати визата за престој во Австралија. И покрај сѐ што се случуваше во изминатата недела сакам да останам и да се натпреварувам на Australian Open. Останувам сконцентриран на тенис. Допатував за да учествувам на еден од најважните турнири во истроријата и дефинитивно мојот најуспешен досега“.

Неговото семејство во одговор на новинарски прашања што ќе се случи доколку австралиската влада се обиде по други основи да го депортира во Србија, тие кажаа дека Новак ќе остане упорен и нема намера да се откаже од желбата да игра на турнирот.

Исто така посочија дека се точни информациите дека на 16-ти декември 2021-вата тој бил позитивен на корона.

semejstvoto-gjokovikj-novak-e-konechno-sloboden-beshe-na-teniski-teren-ova-e-negovata-najgolema-pobeda-03.jpgФото: Twitter

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во кариерата - Победи во Атина и стана најстар победник на АТП ... Новаќ Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека долго време откако ќе се пензионира, ниеден...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
„Извинете, може ли тато да излезе малку?“ – Слатко видео од синот на Ѓоковиќ кој упадна на прес-конф... Децата на Новак и мајка им Јелена упаднаа на неговата прес-конференција, а тој с...
ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула! Во последното седмо коло од Европскиот клупски куп, кој се играше на грчкиот ост...
Роналдо облече дрес на починатиот Диого Жота и му ја посвети победата над Хрватска – со Лука Модриќ ... На последниот танц на Модриќ и Роналдо, откако синоќа Португалија извојува побед...

Најчитани неделава