Бизарно: Инфлуенсер има 6 сопруги – сака да добие дете со секоја од нив

Контроверзниот инфлуенсер Артур кој живее во Бразил има шест сопруги и вели дека сака да има дете со секоја од нив. Сепак, прво планира да добие дете со сурогат мајка, за сопругите да не си љубоморат една со друга. Бизарно, зарем не?

bizarno-influenser-ima-6-soprugi-saka-da-dobie-dete-so-sekoja-od-niv-01.jpg

Бразилецот Артур О Урсо е позната личност во родната земја поради неговиот контроверзен начин на живот.

37-годишниот Артур, кој живее во Сао Паоло, има дури шест сопруги. Претходно имал девет, но три одлучиле да го напуштат.

Моментално, тој е во брак со Луана (27), Емели (21), Валкирија (24), Олинда (51), Дамијана (23) и Аманда (28).

Артур, кој има речиси 200.000 следбеници на Инстаграм, вели дека сега сака да добие деца со сопругите.

Нo, бидејќи не сакал тие да бидат љубоморни, ако избере некоја од нив прва да остане бремена, тој планира детето да го добие од сурогат мајка.

„Не сакам да разочарам ниту една од моите шест сопруги со тоа што ќе донесам одлука која од нив прва ќе забремени. Па, ќе искористиме сурогат мајка“ - открива контроверзниот Бразилец.

Тој веќе има 10-годишна ќерка од претходна, моногамна врска, а сега се надева дека ќе добие син.

Биолошка мајка на новото дете ќе биде неговата прва сопруга, Луана, а Артур тврди дека сите други сопруги се согласуваат.

„На почетокот, ова беше деликатна тема за разговор, најмногу бидејќи сакам да имам дете со секоја од нив. Но, тоа ќе се случи во иднина“.

Претходно Артур има изјавено дека сакал да има дури десет сопруги, како и дете со секоја од нив.

„Отсекогаш сум сакал да имам десет сопруги. Сега имам само една ќерка, но сакам да имам дете со секоја сопруга. Љубовта што ја чувствувам кон нив е иста. Сметам дека не би било фер да имам дете само со една или две од нив“.

Артур и првата сопруга Луана се заедно подолго време. Тие двајца, во 2021 година решиле да го „прошират“ бракот.

Артур е венчан со другите сопруги само во црква, бидејќи полигамијата е нелегална во Бразил. Но, вели дека за нив и тоа е доволно.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...

Најчитани неделава