Инфлуенсерка е мета на критики: Сака да ги плати сметките на купувачи во маркет за ТикТок видео, но сите ја одбиваат

Инфлуенсерка од Лондон сакала да разубави нечиј ден, па отишла во маркет и понудила да ја плати сметката на неколку купувачи, но сите ја одбиваат во видеото кое го снима. Во коментари, корисниците ја критикуваат, истакнувајќи дека не треба да ги снима луѓето и да прави добри дела само за гледаност и лајкови.

influenserka-na-meta-na-kritiki-saka-da-gi-plati-smetkite-na-kupuvachi-vo-market-za-tiktok-video-no-site-ja-odbivaat-01.jpg

На социјалните мрежи, особено ТикТок, многу популарни се видеата на кои инфлуенсерите им помагаат други луѓе.

Од една страна, јавноста е среќна што инфлуенсерите им помагаат на помалку среќните. Но од друга, многумина сметаат дека не е во ред што ја експлоатираат туѓата несреќа за гледаност и лајкови.

Истовремено, дел од јавноста смета дека не е во ред што инфлуенсерите ги снимаат луѓето на коишто им помагаат без воопшто да побараат дозвола од нив.

Амелија Голдсмит од Лондон е тиктокерка која сакала да направи слично добро дело, но не ја доби очекуваната реакција.

Од видеото, кое досега има над еден милион прегледи, станува јасно дека многу луѓе не сакаат да им помогне штом го снима целиот гест.

Амелија отишла во локален супермаркет со цел да му ја плати сметката на некој од купувачите.

Во видеото таа вели дека само сакала да разубави нечиј ден.

„Сега сум во маркетот Sainsbury’s и на некој ќе му ја платам сметката. Нервозна сум. Само се надевам дека нема да ме гледаат како некој чудак. Исплашена сум“, вели таа.

Но, Амелија е одбиена од сите луѓе на коишто им нуди помош.

Инфлуенсерката открива дека првиот маж на којшто му понудила помош се разгневил. Една жена, пак, ѝ вели дека сигурно има луѓе на кои им треба повеќе помош отколку на неа.

На крајот од видеото, Амелија признава дека била разочарана и очекувала луѓето да бидат среќни бидејќи сакала да им помогне.

„Не знам. Очекував некој да биде среќен и благодарен што ќе му ја платам сметката. Но, очигледно, ова не помина добро. Искрено, мислам дека ќе заплачам.

Втората личност ме погледа како да сум некој идиот или чудак. Не рече ништо, само ми рече ’Не, не, не“.

На крај, Амелија купува храна од маркетот и вели дека ќе ја донира бидејќи никој не ја сакал нејзината помош.

https://www.tiktok.com/@millyg_fit/video/7224542679412034843

Во коментари, мислењата на корисниците се поделени. Некои сметаат дека Амелија го прави ова за гледаност, а не бидејќи сака да помогне:

„Мислам дека тоа што го споделуваш твоето добро дело онлајн повеќе му служи на твоето его отколку на другите. Добро е што донираше храна“.

„Мислам дека луѓето знаат дека ги снимаш и дека ќе го објавиш видеото. Ова не изгледа искрено и луѓето го знаат тоа“.

„Можеби те одбиваат бидејќи снимаш“.

„Добар гест, но треба да го правиш ова бидејќи сакаш, а не за лајкови“.

Други, пак, ѝ велат дека направила грешка бидејќи отишла во маркет каде што пазарат луѓе кои имаат пари:

„Овде луѓето се од средна класа и не им треба твојата помош“.

„Прекрасен гест. Но, овој маркет не е место за тоа. Мислам дека луѓето те одбиваа бидејќи навистина не им треба помош“.

„Овие луѓе очигледно ти велат да помогнеш на некој друг, нив не им треба“.

Што мислите за ваквите видеа на инфлуенсерите? Дали е во ред што ги снимаат нивните добри дела за гледаност и лајкови?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...

Најчитани неделава