Девојка со огромни усни направила 43 корекции за да личи на Барби – ја критикуваат дека е како зомби (фото)

По 43 козметички процедури и операции, 29-годишна девојка замислувала дека ќе личи на Барби, но околината ја критикува дека повеќе изгледа како страшно зомби. Огромни усни, дебели црни веѓи и руса коса – ви личи ли вам на Барби?

devojka-so-ogromni-usni-napravila-43-korekcii-za-da-lichi-na-barbi-ja-kritikuvaat-deka-e-kako-zombi-foto-01.jpg

Барби од Ирак, како што сама се нарекува актерката и презентерка Далиа Лаим (29) од Багдад, на Инстаграм ја следат речиси милион следбеници, а се најде во светските медиуми заради необичниот изглед.

За својата трансформација како Барби, во многу медиуми како Daily Mail, се шпекулира дека таа направила 43 козметички процедури, а наводно потрошила огромна сума на пари за да личи на популарната кукла.

Неретко се случува Далиа да им покаже на своите следбеници какви промени на својот изглед направила и до каде е нејзината трансформација. 

Иако нема многу фотографии од нејзиниот изглед пред трансформацијата, има неколку на кои може да се забележи драстична разлика, a фановите од нејзината земја, кои подолг период ја следат нејзината кариера, се добро запознаени со разликите. 

devojka-so-ogromni-usni-napravila-43-korekcii-za-da-lichi-na-barbi-ja-kritikuvaat-deka-e-kako-zombi-foto-03.jpg

И додека некои се фасцинирани од нејзиниот драматичен изглед, многумина не можат да прифатат дека таа има какви било сличности со Барби.

Критичарите на социјалните мрежи ја нарекуваат зомби, пренесуваат светските медиуми, одбивајќи да прифатат дека девојка со огромни усни, дебели црни веѓи, филери во цело лице и оштетена руса коса, би можела да се спореди со Барби.

Што мислите вие? Погледнете повеќе фотки од неа:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови... „Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Инфекција на градите, нос со некроза: Морничавата вистина зад „живите барбики“ Инфекции по лошо изведени операции, отоци поради филери во непроверени клиники –...

Најчитани неделава