„95% од моето тело е со псоријаза, порано се срамев, но никогаш повеќе нема да ја кријам кожата“

Една девојка храбро го сподели своето искуство за животот со тешка псоријаза, која покрива над 95% од нејзиното тело, предизвикувајќи постојана непријатност и крварење. 

95-od-moeto-telo-e-so-psorijaza-no-nikogash-nema-da-go-krijam-01.jpg

Шреста Тивари, 22-годишна девојка од Индија, морала привремено да престане да работи поради сериозноста на нејзината состојба со псоријаза.

Псоријазата претставува хронично, незаразно, мултисистемсковоспалително нарушување. Луѓето со псоријаза имаат генетска склоност за оваа болест, која најчесто се одразува со промени на кожата на лакотот, коленото, скалпот итн.

И покрај тоа што се соочува со негативни реакции од луѓето во текот на нејзиниот живот, Шреста е решена да ја предизвика стигмата поврзана со видливи кожни состојби.

Опишувајќи ги нејзините секојдневни борби, Шреста за магазинот Metro споделува:

„Многу е непријатно да се извршуваат едноставни секојдневни задачи или дури и да седам правилно кога моето тело е целосно покриено со псоријаза.

Активно избувнување на псоријазата зафати 95% од моето тело, а се плашам дека ќе се соочам со уште едно избувнување. Понекогаш чешањето станува толку интензивно што кожата почнува да крвари.

Грижата за мојата кожа во такви моменти бара голем напор. Нанесувањето навлажнувачки креми во текот на денот , осигурувајќи дека нема да се повредам себеси и едноставно обидот да живеам станува сè потежок“.

На Шрешта ѝ била дијагностицирана псоријаза на осумгодишна возраст, при што активните рани првично се појавиле на нејзините стапала, кои лесно биле сокривани под нејзината училишна униформа.

Како што растела, состојбата се влошувала, што довело до психичко малтретирање и од страна на нејзините соученици.

Размислувајќи за тие искуства, Шреста, која потекнува од Чатисгар, Индија, споделува:

 „Еден од моите блиски пријатели во тоа време им кажа на другите дека моите раце личат на опашката на свињата. Во текот на моето детство, имав чувство дека мојата кожа е ненормална.

Луѓето често зјапаа во мене, правејќи ме да се чувствувам грдо одвнатре. Добивањето такво несакано внимание беше обесхрабрувачки и направи да се чувствувм ненормално и неприфатено“.

95-od-moeto-telo-e-so-psorijaza-no-nikogash-nema-da-go-krijam-02.jpg

Влијанието на псоријазата врз самодовербата и менталното здравје на Шреста и многу други луже е навистина големо. Странците погрешно ја перципираат состојбата како заразна, активно избегнувајќи ги луѓето кои страдаат од истата.

Меѓутоа, Шрест сега достигнала точка каде што ја прифаќа својата кожа и веќе почнува отворено да разговара за нејзината состојба на социјалните мрежи.

Денес, Шреста гордо ја покажува својата кожа на своите следбеници на Инстаграм, нудејќи совети за како да се прифатите и да се сакате себеси. Препознавајќи ја изолацијата што често ја чувствуваат пациентите со псоријаза, таа вели:

 „Иако псоријазата е честа болест, таа може да биде осамено патување за пациентот. Често се чувствуваме погрешно разбрани затоа што другите не можат да се поврзат со она што го доживуваме.“

За да си помогне со справувањето со нејзината псоријаза, Шреста практикува здрава исхрана, користи медитација за справување со стресот и анксиозноста и се тушира со ладни тушови.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови... „Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...

Најчитани неделава