Емотивно видео: Детенце плаче и скока од радост кога дознава дека со семејството повеќе не се бездомници

Пар од Флорида и нивните деца неколку месеци биле бездомници и спиеле по хотели, бидејќи немале пари да изнајмат дом. Но, годинава среќата им се насмевнала и успеале да потпишат договор за изнајмување куќа. А, мигот кога нивните деца сфаќаат дека повторно ќе имаат дом, нема да ве остави рамнодушни.

emotivno-video-detence-plache-i-skoka-od-radost-koga-doznava-deka-so-semejstvoto-povekje-ne-se-bezdomnici-01.jpg

И покрај огромниот напредок на човештвото, во светот сè уште постојат луѓе бездомници.

Огромните трошоци за живот кои постојано растат оставаат милиони луѓе без кров над главата.

Овој проблем е особено изразен во САД, каде што над половина милион луѓе се бездомници.

emotivno-video-detence-plache-i-skoka-od-radost-koga-doznava-deka-so-semejstvoto-povekje-ne-se-bezdomnici-8.jpg

Во ваква ситуација биле Малори А. Елис и нејзиниот сопруг Дарел од Флорида. Тие имаат и две деца, а поради низа проблеми, останале без дом.

Дарел имал ризична операција на срцето, поради што шест месеци не можел да работи.

Па, целиот товар останал на Малори која имала две работни места за да го издржува семејството. Во текот на денот работела со ученици со посебни потреби, а навечер разнесувала храна.

emotivno-video-detence-plache-i-skoka-od-radost-koga-doznava-deka-so-semejstvoto-povekje-ne-se-bezdomnici-03.jpg

Но, сето ова не било доволно и семејството не можело да си дозволи кирија, па биле избркани од домот и се преселиле во гаражата на семеен пријател.

„По 45 дена во домот на пријателот и бројни неуспешни обиди да најдеме дом, бевме присилени уште еднаш да си ги спакуваме работите, да се иселиме и да одиме во хотел“, раскажува Малори за најтешката година од нејзиниот живот.

Но, неколку месеци подоцна, односно во април годинава, на семејството почнала да му се насмевнува среќата. Собрале доволно пари за да најдат куќа под кирија.

А, мигот кога дечињата сфаќаат дека повторно имаат дом нема да ве остави рамнодушни.

emotivno-video-detence-plache-i-skoka-od-radost-koga-doznava-deka-so-semejstvoto-povekje-ne-se-bezdomnici-04.jpg

Малори го сподели убавиот момент со видео на ТикТок.

Во видеото се гледаат двете деца на парот, а Малори им вели:

„Ова е нашата куќа. Денес потпишавме договор за изнајмување“.

Штом помалото дете сфати што кажа мајка му, почна да плаче и скока од радост, а на крај ја прегрна Малори.

https://www.tiktok.com/@malloryellis4/video/7217266021231529258

Малори има скоро 22.000 следбеници на ТикТок, а подоцна откри дека добила пораки од стотици луѓе кои понудиле да ѝ ги купат потребните работи за новиот дом.

„Љубовта што ја добивме… немам зборови. Бројот на луѓе кои понудија да ни испратат нешто… Преплавена сум од емоции, од дарежливоста и љубовта што ги добиваме. Ова а лудо. Прекрасни сте.

Кажувајте што сакате за интернетот, но луѓето се добри. Ви благодариме, искрено ви благодариме“, вели таа.

Малори сподели и видео на кое се гледа само мал дел од работите што луѓето им ги испратиле за да им помогнат.

https://www.tiktok.com/@malloryellis4/video/7218713044287933742

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...

Најчитани неделава