Режисерот на „Титаник“, Џејмс Камерон: „Уште во понеделникот дознав за имплозијата на подморницата, потрагата беше бесцелна“

rezhiserot-na-titanik-djejms-kameron-ushte-vo-ponedelnikot-doznav-za-implozijata-na-podmornicata-potragata-beshe-bescelna-06.jpg

Камерон рече дека се чувствува ужасно за семејствата на кои со денови им била давана лажна надеж додека траела потрагата.

Засега не се знае што точно ја предизвикало имплозијата на малата подморница, но Камерон вели дека со ова се потврдуваат тврдењата на некои критичари дека употребата на јаглеродни влакна и титаниум е несоодветна, затоа што кај подморницата може да се појават минијатурни дефекти и продор на вода, што може да биде фатално со текот на времето.

На Твитер веќе се појавија графички прикази за тоа како би изгледал моментот на имплозија на подморницата.

За потсетување, малата подморница „Титан“ исчезна од радарот и изгуби комуникација со придружниот брод „Polar Prince“ во неделата (18.06).

rezhiserot-na-titanik-djejms-kameron-ushte-vo-ponedelnikot-doznav-za-implozijata-na-podmornicata-potragata-beshe-bescelna-07.jpg

Потрагата по преживеани траеше сѐ до четвртокот (22.06) кога припадници на Крајбрежната стража на САД потврдија дека со помош на далечински управувано возило се најдени остатоците на „Титан“ на околу 500 метри оддалеченост од потонатиот брод „Титаник“.

rezhiserot-na-titanik-djejms-kameron-ushte-vo-ponedelnikot-doznav-za-implozijata-na-podmornicata-potragata-beshe-bescelna-08.jpg

Во подморницата „Титан“ животите ги загубија генералниот директор на компанијата OceanGate, Стоктон Раш, нуркачот Пол Анри Наржоле, британскиот милијардер Хамиш Хардинг и пакистанскиот милијардер Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син, Сулејман.

rezhiserot-na-titanik-djejms-kameron-ushte-vo-ponedelnikot-doznav-za-implozijata-na-podmornicata-potragata-beshe-bescelna-10.jpg

Прочитајте и Случајот кој го следи цел свет: Сите детали за исчезнатата подморница со милијардери туристи, што потона во близина на „Титаник“

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Застрашувачки видеа: Патници панично скокаат од запален траект во Индонезија – загинале 5 лица Во пожарот што избил вчера на траект во Индонезија животот го загубиле пет лица....
Ги викаа „најубавиот италијански пар“ - По разводот тој откри дека покажувале лажна среќа на Инстагр... Раперот признава дека чувствува гадење кон својот минат живот, кога играл улога ...
Страшен пожар во бар во ски центар во Швајцарија со најмалку 40 загинати и повеќе од 100 повредени -... Страшна несреќа ја погоди Швајцарија на 1-ви јануари 2026 година. Околу 40 луѓе ...
Девојка од Велика Британија за својот бизнис во Дубаи: „Изнајмувам луксузни јахти, 24/7 добивам пови... „Цените на изнајмување започнуваат од 100 евра до 6.000 евра на час, во зависнос...
„Добивме дете со ин витро, но клиниката искористила туѓ ембрион – не знаеме каде е нашиот“ Кон крајот на минатата година, пар од Флорида добил ќерка зачната со ин витро. Н...
Се огласи девојката што прва го објави видеото од парот на Coldplay: „Жал ми е што им го свртев живо... „Немав поим кој беше парот, само си помислив дека снимив интересен момент и го о...

Најчитани неделава