Кои се тројцата милијардери кои требало да бидат дел од последното патување со подморницата „Титан“, но откажале во последен миг?

Тајкунот Џеј Блум тврди дека Стоктон Раш му нудел попуст од по 100.000 долари за билетите за него и за неговиот син. Адвокат морал да се откаже во последен миг, а поранешен патник го раскажува „хорор“ искуството од патувањето со „Титан“ пред 2 години. Кои биле среќните милијардери што ја избегнале трагедијата?

im-nudele-popusti-od-100-000-dolari-koi-se-3-cata-milijarderi-koi-trebalo-da-plovat-na-poslednoto-patuvanje-so-podmornicata-titan-01.jpg

По катастрофалната трагедија кога малата подморница „Титан“ исчезна, а потоа беше најдена распадната на дното на Северноатлантскиот Океан, четворица милијардери досега јавно раскажаа како имале среќа, па навреме го откажале патувањето на кобниот 18-ти јуни.

Друг патник, кој во 2021-ва година патувал со „Титан“ го сподели хорор искуството и вели дека смета оти патувањето со оваа подморница наликувало на „самоубиствена“ мисија.

im-nudele-popusti-od-100-000-dolari-koi-se-3-cata-milijarderi-koi-trebalo-da-plovat-na-poslednoto-patuvanje-so-podmornicata-titan-06.jpg

Британскиот нуркач Крис Браун (61) прво се пријавил да оди на патувањето и уплатил, но потоа се откажал затоа што бил загрижен за безбедноста. Тој требало да оди заедно со неговиот пријател Хамиш Хардинг, кој загина во подморницата, но вели дека бил загрижен за безбедноста.

Не му се допаѓало тоа што подморницата е управувана со контролори што потсетуваат на џојстик за видео игри, а како стабилизатори користеле стари цевки.

„Ако се обидуваш да направиш подморница во домашни услови, сигурно можеш да користиш цевки, но ова беше подморница за комерцијални употреби.

На крај им пратив мејл и им реков дека не прифаќам да одам и да ми ги вратат парите затоа што не сум убеден (во безбедноста)“ – изјави тој за британските медиуми.

im-nudele-popusti-od-100-000-dolari-koi-se-3-cata-milijarderi-koi-trebalo-da-plovat-na-poslednoto-patuvanje-so-podmornicata-titan-05.jpg

Тајкунот Џеј Блум ја објави преписката помеѓу него и генералниот директор на OceanGate, Стоктон Раш, во кои се гледа дека нему и на неговиот син им бил понуден попуст од вртоглави 100.000 долари, па така наместо по 250.000 долари требало да платат само по 150.000 долари, ако сепак се одлучат да пловат на последното патување на „Титан“.

„Се пожалив за безбедноста на подморницата, а Стоктон ми рече: ‘Иако постои ризик, сепак е побезбедно отколку да леташ со хеликоптер или да нуркаш’.

Тој беше апсолутно уверен дека е побезбедно, отколку да ја поминеш улицата. Сигурен сум дека веруваше во тоа што го зборува. Но, не беше во право“ – изјави Блум.

im-nudele-popusti-od-100-000-dolari-koi-se-3-cata-milijarderi-koi-trebalo-da-plovat-na-poslednoto-patuvanje-so-podmornicata-titan-04.jpg

Американскиот адвокат Дејвид Конканон вели дека е благодарен затоа што одлучил во последен миг да не го уплати билетот од 250.000 долари за да се посвети на проблем на негов клиент.

Тој има фирма за консалтинг на експедиции и работи како консултант за OceanGate Expeditions, компанијата што нудела тури со подморницата „Титан“.

Тој претходно трипати бил на тура околу „Титаник“ и беше активно вклучен во потрагата по преживеани во малата подморница.

im-nudele-popusti-od-100-000-dolari-koi-se-3-cata-milijarderi-koi-trebalo-da-plovat-na-poslednoto-patuvanje-so-podmornicata-titan-02.jpg

Германецот Артур Лоибл (61) во 2021-ва година имал можност да плови со „Титан“ на дното на Северноатлантскиот Океан и рече дека бил наивен и луд што прифатил.

„Замислете метална цевка долга неколку метри со метална подлога, наместо под. Не можете да стоите, не можете да клекнете.

Сите седат еден до друг или еден врз друг. Ова не е искуство за оние што се клаустрофобични“ – рече тој.

За време на спуштањето светлата биле исклучени, за да се заштеди енергија, а единствената светлина доаѓала од мала флуоресцентна неонка.

im-nudele-popusti-od-100-000-dolari-koi-se-3-cata-milijarderi-koi-trebalo-da-plovat-na-poslednoto-patuvanje-so-podmornicata-titan-03.jpg

Тој вели дека се случувало патувањата да бидат одложени заради проблеми со батеријата или теговите за баланс, а Стоктон Раш, се обидувал да се снајде со тоа што го наоѓал на местото и сепак да го изведе патувањето.

Според него, тоа било самоубиствена мисија затоа што видел како паѓаат делови од подморницата, а Стоктон ги закачувал со пластични стеги и вели дека се чувствувал среќен што сѐ уште е жив.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg