Режисерот на „Титаник“ со часови бил заробен на дното на океанот - Сите инциденти со подморници околу остатоците на „Титаник“

Џејмс Камерон на третото пловење до „Титаник“ бил заглавен со часови на морското дно од силните морски струи, првиот новинар што ги посетил остатоците од славниот брод со подморницата удрил во пропелерот... Сите инциденти со подморниците што пловеле околу „Титаник“...

kako-da-plovite-vo-mashina-za-sadovi-site-incidenti-so-podmornici-okolu-ostatocite-na-titanik-01.jpg

Колку воопшто е безбедно да се патува на дното на Северноатлантскиот Океан за да се посетат остатоците на „Титаник“, што се наоѓаат на околу 4.000 метри под морската површина?

Ова е едно од прашањата што деновиве сѐ погласно се поставува откако малата подморница „Титан“ имплодираше и во неа животите ги загубија пет лица, меѓу кои и основачот на компанијата што е сопственик на подморницата, Стоктон Раш.

kako-da-plovite-vo-mashina-za-sadovi-site-incidenti-so-podmornici-okolu-ostatocite-na-titanik-02_copy.jpg

Во светот постојат вкупно 10 подморници што може да пловат на длабочина од 4.000 метри, а „Титан“ била единствената што не поседувала никаков сертификат од регулаторните тела, па компанијата OceanGate честопати добивала предупредувања за безбедноста на подморницата.

На YouTube е достапно видео на кое се гледаат снимките од „Титаник“ направени со малата подморница:

https://www.youtube.com/watch?v=UCwg2h7i4Ac

Сепак, без разлика на тоа дали подморницата ги имала сертификатите или не, пловењето на толку голема длабочина со себе носи големи ризици, а досега имало повеќе инциденти што може да сведочат за тоа.

Заробени во остатоците на „Титаник“

Доктор Џо Макинис е првиот човек што го истражил океанот под Северниот Пол, а во изјава за американските медиуми, раскажа како во едно пловење до остатоците на „Титаник“ се случил голем инцидент.

Макинис се упатил до остатоците на „Титаник“ со една од руските мини подморници „Мир“ во 1995-тата година со цел да направат видео снимки за документарниот филм „Титаника“.

kako-da-plovite-vo-mashina-za-sadovi-site-incidenti-so-podmornici-okolu-ostatocite-na-titanik-03.jpg

Со една од подморниците тие се спуштиле до кормилото на бродот, на местото каде што капетанот Едвард Смит стоел во мигот кога бродот потонал, но откако завршиле со снимањето и се обиделе да се кренат нагоре, забележале дека подморницата е заглавена и не можат да се помрднат.

По ова, веднаш ја повикале втората подморница „Мир“ да се симне за да им помогне и било утврдено дека лизгалката на подморницата на Макинис е заплеткана во голем број жици, што биле најверојатно телефонски кабли на „Титаник“.

„Бевме среќни, затоа што со нас имавме уште една подморница и уште еден пилот“ – рече Мекинис неодамна.

kako-da-plovite-vo-mashina-za-sadovi-site-incidenti-so-podmornici-okolu-ostatocite-na-titanik-04.jpg

Без струја на океанското дно

Режисерот на „Титаник“, Џејмс Камерон е еден од луѓето што досега над 30 пати се спуштиле на морското дно за да ги посетат остатоците на бродот, но во 1995-та година и тој имал еден инцидент кога нивната подморница била погодена од песочна бура во длабочините.

Во 2009-та година, во својата биографија The Futurist Камерон раскажува што се случувало во подморницата додека биле заедно со рускиот контролор д-р. Анатолиј Сагалевич и уште еден руски инженер.

„Анатолиј само рече: ‘О не!’, тоа е нешто што никогаш не сакате да го слушнете од контролор на подморница и се погледнавме накратко“ – раскажува Камерон.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
Морничави видеа: Огромна дупка се отвори на автопат во Бангкок – „проголта“ автомобили и бандери Дупка со ширина од 30 метри и длабочина од 50 метри се формира на автопат во Бан...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Маж и жена се свршија на врвот на Емпаер Стејт Билдинг, па ги уапсија (фото+видео) Ангела и Иван се познати „зависници од адреналин“ кои редовно се искачуваат на о...

Најчитани неделава