Растурени кабли, смачкани делови, се верува дека има и човечки останки – Вознемирувачко видео од остатоците на „Титан“

Смачкани делови, растурени кабли прекриени со бели чаршафи – ова може да се забележи од видеото на кое се гледа како изгледало извлекувањето на распаднатите делови од подморницата „Титан“. Властите изјавија дека нашле и можни човечки останки.

rastureni-kabli-smachkani-delovi-se-veruva-deka-ima-i-chovechki-ostatoci-voznemiruvachko-video-od-ostatocite-na-titan-01.jpg

Според последните информации на Крајбрежната стража на САД, во остатоците на малата подморница „Титан“ што вчера (28.06.) беа извлечени од дното на Северноатлантскиот Океан се најдени и можни човечки  останки.

На видеото што е објавено во дел од светските медиуми може да се види како течело извлекувањето на остатоците од дното на океанот, кои беа најдени на околу 4.000 метри длабочина.

rastureni-kabli-smachkani-delovi-se-veruva-deka-ima-i-chovechki-ostatoci-voznemiruvachko-video-od-ostatocite-na-titan-02.jpg

На видеото од Сент Јон, на Њуфаундленд во Канада се гледа како течело пренесувањето на остатоците на бродот „Хоризон Арктик“.

Смачканите делови од предниот дел на подморницата, растурените кабли и другите делови што беа извлекувани беа покриени со бел материјал, но сепак на видеото може да се види дека „Титан“ целосно се распаднала на дното на океанот.

Daily mail пишува дека експертите се изненадени од изгледот на остатоците на подморницата, затоа што сите веруваа дека „Титан“ имплодирал и дека е невозможно да се најдат човечки останки.

Претходно, судскиот вештак од округот Ричмонд, Надја Рутерфорд изјави дека е речиси невозможно да се најдат човечки останки.

„Кога имате каков било вид на експлозија или имплозија има остатоци или траги на остатоци. Сметам дека е неверојатно да се најдат човечки останки, особено во цели делови и ќе биде многу тешко да се идентификуваат, ако се земат предвид условите каде што се случила имплозијата“ – рече таа.

rastureni-kabli-smachkani-delovi-se-veruva-deka-ima-i-chovechki-ostatoci-voznemiruvachko-video-od-ostatocite-na-titan-03.jpg

По извлекувањето на остатоците од подморницата, ќе се спроведе детална истрага за тоа што се случувало во подморницата и кои се можните причини за трагедијата.

„Овие докази ќе им дадат на истражителите важни податоци за тоа што би можело да ја предизвика трагедијата“ – рече Капетанот Џексон Нојбајер од поморскиот оддел на истрагата.

rastureni-kabli-smachkani-delovi-se-veruva-deka-ima-i-chovechki-ostatoci-voznemiruvachko-video-od-ostatocite-na-titan-04.jpg

За потсетување, малата подморница „Титан“ исчезна во Северноатлантскиот Океан во неделата (18.06), по што неколку дена траеше потрагата по преживеани, а во четвртокот (22.06) беа пронајдени остатоците од подморницата.

Во подморницата во моментот на трагедијата имало вкупно пет лица: генералниот директор на компанијата OceanGate, Стоктон Раш, нуркачот Пол Анри Наржоле, британскиот милијардер Хамиш Хардинг и пакистанскиот милијардер Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син, Сулејман.

rastureni-kabli-smachkani-delovi-se-veruva-deka-ima-i-chovechki-ostatoci-voznemiruvachko-video-od-ostatocite-na-titan-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застрашувачка сцена: Огромна лавина се движи кон скијачи во ски-центар во Италија (видео) На драматична снимка се гледа како се формира снежна лавина во ски центар во Ита...
„Таа е убава, но фустанот...“ - Ирина Шајк доби критики за стајлингот на US Open, но баланс направи ... „Овој фустан не е соодветен за ваков настан“ е само еден од осудувачките комента...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Шатори, конзерви, па и човечки измет од несовесни планинари: Највисокиот камп на Монт Еверест претво... „Она што треба да биде едно од најубавите места на планетата стана едно од најгр...
Има 11 сопруги, троши милиони, а неговиот народ гладува: Кој е африканскиот крал што се споделува ви... Кралот на Свазиленд има 11 сопруги и над 20 деца, а честопати е критикуван дека ...
Млад јутјубер (22) загина во Индија додека снимаше видео во брза река: Зошто младите одат до екстрем... По трагичната смрт на 22-годишен јутјубер од Индија, повторно се отвора дебатата...

Најчитани неделава